Во второто издание на КОЛЕГИУМ – неделна информативна програма, одговорните уреднички и уредници на Редакција ЦИВИЛ МЕДИА и гостите, споделија голем број ексклузивни информации, анализи и остри коментари за најактуелните настани и личности во изминатите седум дена, а ексклузивно најавија и повеќе теми интересни за јавноста. Учествуваат (според редослед на појавување): Џабир Дерала, Зоран Иванов, Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Војо Маневски, Драган Мишев и Дестан Јонузи (Фронтлајн, Прес онлајн).
0:00 – Џабир Дерала: Избор од најчитаните содржини на ЦИВИЛ
3:51 – Зоран Иванов: Мангупирањето на Мицкоски и други коментари на најважните настани
8:14 – Биљана Јордановска: Уште 8 дена до изборите во САД! Говор на омраза од Трамповиот кампус
13:50 – Дехран Муратов: Говор на омраза, закани со смрт, запален автомобил во Штип, и – молк
21:37 – Војо Маневски: Социоекономска анализа, ветено-неисполнето
28:43 – Драган Мишев: Кој е вистинскиот Мицкоски: Оној пред 2 години со маичка НЕ при посетата на Фон дер Лајен, или овој сега што ја пречека претседателката на ЕК со сите државнички почести
35:24 – Дестан Јонузи: Предизвиците на Северна Македонија – блокиран пат кон ЕУ, национализам и популизам
42:32 – Биљана Јордановска: Реакции од граѓаните за претседателката и помилувањето на криминалците
47:15 – Дехран Муратов: Парите од унгарскиот кредит за општините имаат „употребна вредност“ поврзана со локалните избори идната година
53:32 – Џабир Дерала: Најава на големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ на 12 декември
Од видео содржините за кои стана збор за време на КОЛЕГИУМОТ, се издвојуваат ексклузивното интервју со Ерван Фуере, експерт за европски и безбедносни политики, и поранешен дипломат, како и разговорот меѓу Дехран Муратов, уредник во ЦивилМедиа, и Љубомир Костовски, политички и медиумски аналитичар.
ЛИНК до првото издание на КОЛЕГИУМ: