„Малата војна“ во Диво Насеље која се водеше на Денот на Европа, на 9 мај 2015 година сѐ уште побудува силно внимание во јавноста, пред сѐ, поради неодговорените прашања кои се наметнуваат по овој жесток предизвик за македонската безбедност и за соживотот во земјата.
ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема „Диво Насеље, три години потоа…“ со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на општината, Атина Мургашанска, граѓанските активисти Авди Авдиу и Флорин Реџепи, Џабир Дерала и Синиша Станковиќ од ЦИВИЛ. Дебатата во целост е објавена на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
Џабир Дерала, во изјава за медиумите пред почетокот на дискусијата, ги потврди повиците за целосно расчистување на овој трагичен случај, но и ги поздрави мудроста и зрелоста на граѓанките и граѓаните на Куманово и на целата земја, кои решително се спротивставија на обидите да се внесе раздор и насилство, со цел да се спречат демократските процеси во земјата.
Камера: Дехран Муратов
Фото: Биљана Јордановска