• Latest

Дивоградбите од „Скопје 2014“ нема да бидат опфатени со новото законско решение за легализирање на бесправни објекти

May 29, 2021

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дивоградбите од „Скопје 2014“ нема да бидат опфатени со новото законско решение за легализирање на бесправни објекти

May 29, 2021 15:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Дивоградбите од „Скопје 2014“ не се планира со законот да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во заштитеното подрачје согласно управувачкиот план во охридскиот регион заради УНЕСКО. Со нелегализирање на самите вакви објекти се очекува да завршат правните постапки за да има нивно отстранување“, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека соодветно на категорија прва градба, надлежно е  Министерството за транспорт и врски, односно Државниот градежен инспекторат, а за категорија втора и други градби надлежни се самите општини.

„Нема легализација заради тоа што се работи за катни објекти, не се индивидуални домови. Се работи за катни објакети, коишто не се вградени во самиот закон. Секако соодветно на тоа се однесува и на Охрид. Пи тоа да се знае, надвор од заштитеното подрачје во Охрид, на зоните коишто се дозволени, надвор од планот за управување со Охрид, е дозволиво легализирање, секако ако има останато нелегални градби во охридското подрачје“, наведе Заев.

Околу новиот предлог-закон за легализација на бесправни објекти, Заев реке дека останува на своите принципи, да бидат респонзивни и да ја слушаат јавноста. Тоа е многу значајно, како што рече, иако јас сум убеден дека и вака поставен законот може да ги исполни очекувањата на граѓаните и намената за којашто е предложен од страна на Владата.

„Уште еднаш да напоменам, во самиот закон се отстранети колективните згради. Во самиот закон се најдени решенијата на оние граѓани коишто се под прагот на сиромаштијата и немаа пари со претходното законско решение да ги легализираат домови и објекти коишто ги имаат. Сега наоѓаме решение бесплатно тоа да го направат сите приматели на социјална помош и истовремено да ја легализираме и државната инфраструктура. Имаме огромен број објекти коишто не се упишани, почнувајќи од водоводи, канализации, локални патишта, споменици на културата, објекти од областа на енергетиката, социјалната и здравствената заштита, градинки, училишта, болници и така натаму, но претседателот на државата имаше две забелешки, граѓаните, исто така реагираа. Сите сме на став дека не треба да се откажеме од донесувањето на законот за легализација на бесправни правните градби, заради тоа што треба да се упишат објекти кои што се и споменици на култура, новата зграда на ЕСМ, околу 20 проценти водоводи и канализации во државата, дваесетина отсто локални патишта, кои што треба да имаат имотни листови и многу други објекти“, потенцираше Заев.

Премиерот рече дека причините за донесување на законот се јасни, затоа што недонесување на закон, значи веднаш и одма отстранување, односно постапување по законите.

„Владата го овласти министерот за транспорт и врски да отвори јавна дебата со граѓанските организации и парламентарните групи и сите тие укажувања да бидат вградени. Прво тоа што стига од граѓаните, граѓанските организации и дел од пратениците е можноста за легализирање на куќите како дом за живеење, односно сите куќи кои што се дом за живеење, заклучно со 1 мај 2021 да ј добијат можноста за легализација. Второ укажување коешто стига е целосна забрана во националните паркови и заштитните посебни региони, каде што во националните паркови имаме строга заштита, имаме условеност и одржлив развој. Недовербата во институцијата да даде позитивно или негативно мислење за градење или легализирање во заштитени подрачја и национални паркови ја слушнавме од граѓаните и затоа имаме намера да ја прифатиме сугестијата за строга забрана во националните паркови и заштитени подрачја на строга заштита и втората зона на условената заштита“, посочи премиерот.

Тој додаде дека даваат можност за оние кои имаат објект, што не е колективна зграда или дом за живеење, да го легализираат со плаќање на двојно поголема сума, отколку ако тоа се спровело по регуларна постапка.

„Државата треба да продолжи да ги решава проблемите на граѓаните. Најлесно е да кажеме не легализираме, но мора да се дадат  одговорите што со бесправните градби. Навистина се многу повеќе од 50 000 објекти“, посочи Заев.

Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали пред да се поднесе законското решение ќе се направи кетегоризација на дивоградбите, односно собирање податоци за нивен точен број, рече дека не е сигурен дали општините имаат такви капацитети да можат денес да прават регистри коишто ќе траат месеци и години, за потоа кога ќе се донесе некое законско решение,  да  можеби дел од тие граѓани не исполнуваат услови или можеби дел од нив не сакаат да поднесат барање за ставење на правна рамка во нивниот објект.

„Ние ќе донесеме закон којшто ќе биде уште порестриктивен. Јас верувам дека ќе се согласиме сите политички партии во Собранието, заедно со НВО, кој што ќе биде прифатлив за граѓаните, а веднаш потоа сите граѓани коишто ги исполнуваат сите услови ќе можат да аплицираат до матичните општини за нивните објекти да бидат ставени во правна рамка и тогаш при нивната апликација ние ќе ги преброиме колку се тие објекти, колку исполнуваат услови, ќе бидат решени, а оние кои не исполнуваат услови ќе бидат одбиени. Така да сметаме дека со затекнатото законско решение коешто ќе го донесеме ќе придонесеме да да се увиди при апликацијата колку од тие објекти можат да бидат ставени во правна рамка“, истакна Бочварски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ