• Latest

ДКСК: Финансирањето на политичките партии мора да се следи бидејќи е клучно за намалување на можните злоупотреби

September 29, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДКСК: Финансирањето на политичките партии мора да се следи бидејќи е клучно за намалување на можните злоупотреби

September 29, 2021 13:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Интегритетот во рамки на изборниот процес е од исклучително значење за намалување на корупцијата. Најголемите клиентелистички односи се создаваат токму за време на изборниот процес. Финансисрањето на политичките партии и нивните активности мора да се следи и унапредува бидејќи е клучно овој процес да биде транспарентен за да се намалат можните злоупотреби.

Ова го нагласи, меѓу другото, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, истакнувајќи дека Антикорупциска го следи целиот изборен процес и во случаи на основи на сомневање за прекршување на законите презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активнсоти во рамки на нивните надлежности.

ДКСК веќе постапува согласно нејзините законски ингеренции, разгледува предмети поврзани со изборите, а за откриените нерегуларност, како што рече Ивановска, но и за постпаки што не се спротивни на законот, но и не се во духот на доброто владеење и располагање со државните средства, ќе извести во посебниот извештај за изборниот процес, а редовно се доставува до Собранието.

Таа ги потсети носителите на јавни фунцкии на потпишаниот етички кодекс во Владата, во кој има посебен член во кои се регулирани активностите на носителите на јавни функции во услови на нивна политичка активност.

Ивановска информира дека од сртана на ДКСК била организирана Јавна дебата за интегритетот на учесниците во изборниот процес, на која биле поканети сите релевантни политички партии, институции и НВО. Отсуството на политичките партии на вакви јавни дебати, забележа таа, е јасна потврда за нивниот игнорантски однос кон законските и моралните начела за интегритет во изборниот процес, а како резултат на тоа отсуствува и градење на транспарентна и одговорна политичка култура, што ќе даде придонес за јакнење на демократијата. Одговарајќи на новинарско прашање, претседателката на ДКСК појасни дека на јавната дебата онлајн биле вклучени претставници од политичките партии, но тие не биле активни.

ДКСК повторно ги известува сите министерства, единици на локална самоуправа, фондови,агенции, регулаторни тела, дирекции, Јавни претпријатија, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата, за изборните ограничувања во Изборниот законик. Од денот на донесување на одлуката за распишување избори, до денот на завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на Советот на општините и на Градот Скопје, не може да се започне со изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на ЈП и други правни лица што рапослагаат со државни средства, на нови објекти во инфраструктурата.

Токму овој дел од законот, смета Ивановска, е најмногу заобиколен од страна на учесниците во изборниот проце бидејќи се е испланирано и е дел од програмите да се случи токму во изборниот процес

На денешната прес-конференција беше посочено дека изборниот процес започнал многу порано од законски предвидениот рок.

– Сведоци сме на низа обиди од страна на политичките партии за заобиколување на изборната регулатива, но отсуството на санкции во минатото и долгото нерешавање предмети што се во процедура, кај јавноста создаваат општ впечтаок на неказнивост. Сите институции треба да покажат проактивност, согласно своите надлежности, да ги нотираат негативните појави и да постапуваат по нив, рече Ивановска, претседателка на ДКСК.

Таа како пример посочи дека има пријава до Антикорупциска што се однесува на злоупотреба на носител на јавна функција, кој преку Агенција за привремени вработувања, поставува претседател на својата партија, кој при вршење одредена службена должност во институцијата во која е поставен, како што појасни, има можност да агитира на луѓето кои ќе ги користат тие услуги да гласаат за нивната партија.

– Има и таков вид злоупотреба. Се гледа на секој можен начин да се врши притисок, влијание и да се делува врз гласачкото тело, посочи претседатлката на ДКСК.

Да ги почитуваме законите што самите сме ги донеле и не се почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и никој не е во состојба брзо да детектира злоупотреба, се пораките од Катица Николовска и Нури Бајрами, членови во ДКСК.

Катица Николовска, член на ДКСК, на прес конференција за Локалните избори 2021

– Од аспект на интегритетот и етичките вредности на учесниците во изборните кампањи, ќе споменам последните измени во Изборниот зкаоник донесени веќе во самиот ек на изборниот процес, надвор од сите прфепораки од ОБСЕ/ОДИХР да не се вршат измени на ИЗ најмалку шест месеци пред денот на одржување на изборите. Со тоа се наметнаа обврски делумно во делот на ингеренциите на ДКСК, имаше и други членови со кои се зголеми процентуалното учество на двете носечки политички партии во дело на медиумското рпетставување од 90 на 97 отсто, за сметка на другите помали партиии во Парламентит, говореше Николовска.

На новинарски прашања дали во ДКСК има пријави и дали ќе преземе нешто во однос на постапките од страна на министрите Насер Нуредини и Бујар Османи, како и за користење гориво за возила во приватни автомобили, од ДКСК одговорија дека има начини како тоа да се утврди.

– Прво ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дека возилото е користено за партиски активности во време на изборниот процес и доколку е така, како што имавме и примери и во претходните изборни циклуси, ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои го користеле службеното возило за партиски цели, рече Николовска.

Инаку, ДКСК со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи има обезбедено 16 набљудувачи на изборните активности во кампањата во 46 општини. Ангажирани се и четворица аналитичари кои ќе ги следат секојдневните промени на трансакциските сметки и да вршат анализи во однос на валидноста и кредибилитетот на лицата што уплаќаат донации на трансакциските сметки, со цел да се види дали тие финансиски средства се обезбедени од нелегални извори или од анонимини извори, кои се забранети.

Досега до ДКСК, информираше Николовска, се пристигнати 21 пријава од кои, девет се однесуваат на активности преземани од општините, шест за незкоански постапувања на одоговрни лица во училишта и пет се однесуваат на други државни институции. Пријавите се разгледани, подвлече, една е упатена на надлежно постапување на ДИК и е за активности пред зпаочнување на изборната кампања. Една е отфрлена, а за друга за случај на мобинг ДКСК нема надлежнсот да постапува. За другите пријави се испратени барања до институциите кои се прозвани да се приберат информации за посочените наводи.

– Организаторите на изборните кампањаи до ДКСК можат да достават приговор за повреда на законите, по што ДКСК е должна да постапи во рок од пет дена и се уште немаме такви поднесени пријави, но семе подготвени, истакна Николовска.

До ДКСК до денеска се пристигнати 165 барања за мислење, од кои 33 се доставени од Единиците на локална смаоуправа, две од Јавни претпријатија формриани од Влада, 11 од ЈП формирани од општините, седу мод Агенции, три пријави од Управи, една од сду, 39 се од основни и 11 од средни училишта, пет барања од културни установи, 13 од здрвствени устнови и други 25 барања за мислење од физички лица. Барањата за мислење од ДКСК се главно за јавни набавки, за започнување реализација на одреден објект, за исплати, за издавање долготраен закуп на општински имот, за вработувања и други….

Таа повтори дека ДКСК не дава ниту согласност, ниту одобрување на вакви барања. Тоа се обврски и одговорности на лицата што управуваат со институциите, рече Николовска.

– Политичката култура која сега се манифестира од страна на политичките партии, покажува на низа неправилности и на  игонорирање на заканската рамка, која го регулира изборниот процес, а тоа е главната причина за се пониската излезност на изборите, е еден од клучни наоди од организираната Јавната дебата, информира Ивановска. Друг заклучок од јавната дебата е дека реалноста покажува оти политичките партии без исклучок ги заобиколуваат зкаонските прописи, а пример за тоа се  низата активности на терен уште пред да запоне кампањата, а постојат и дојави за злоупотреба на државните ресурси.

Како резултат на отсуство на санкции, било морални или законски,политичките партии не водат сметка за своите јавни настапи и дадени ветувања. Пример се политичкит епрограми и нереалните ветувања, укажа претседателката на ДКСК Ивановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ