• Latest

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025 11:04
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Оддолжувањето на постапката за донесување на законот за климатска акција, што трае повеќе од пет години, има негативно влијание во институционален систем, координација и комуникација меѓу институциите вклучени во процесот на климатски промени, оценува Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за подготвеноста на државава за справување со климатските промени.

– Надлежните органи во државата потребно е да преземат дополните мерки и активности за справување со климатските промени поради тоа што меѓу другото отсуствува јасно дефинирана структурна поставеност, координација и комуникација меѓу инволвираните страни во процесот на климатски промени, а Национален план за адаптација на климатските промени не е донесен, наведуваат ревизорите.

Во однос на управувањето со климатските промени, ревизорите оценуваат дека постојното законодавство од областа на животната средина иако регулира одредени прашања поврзани со климатските промени, сепак не се доволни да се воспостави систем со кој државата ќе управува со климатските промени.

И покрај вклученоста на голем број институции, правни лица и засегнати страни во Предлог верзијата на Законот за климатска акција изостанува вклученоста на локалната власт која е носител на политиките на локално ниво и истовремено ги имплементира политиките од централно ниво, се наведува во извештајот.

Поради слабите административни капацитети, не е обезбедена ниту единствена база на податоци потребна за изготвување и ажурирање на Националниот инвентар на стакленички гасови којшто со помош на меѓународни проекти последен пат е изработен во 2019 година, односно за последните пет години државата нема податоци за емисии на стакленички гасови.

Државата нема национален план за адаптација на климатските промени, но дел од секторските стратегии предвидуваат мерки и политики за адаптација.

Во однос на финансирање на климатските промени, во Долгорочната стратегија за климатска акција, предвидено е дека за реализација на политиките и мерките за периодот од 2020-2050 година ќе бидат потребни капитални инвестиции во висина од 35 милијарди евра и трошоци во енергетскиот сектор од 121 милијарда евра.

– Имајќи во предвид дека сеуште нема законска основа, во Буџетот на државата не е воспоставен систем за климатско означување на проектите релевантни или поврзани со климатски промени поради што државата не располага со релевантни податоци за финансиските средства наменети за климатски промени. Во периодот од 2020-2024 година не се изготвени двогодишни извештаи (BUR) со кои државата има меѓународна обврска да известува за искористените средства од домашниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа, како и средства од меѓународни фондови и институции и приватниот сектор, наведуваат ревизорите, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ