• Latest

ДКСК: Има пропусти и слабости во законите што дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори

November 6, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: Има пропусти и слабости во законите што дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори

November 6, 2020 16:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби, бидејќи има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво, пренесува МИА.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој на денешната 40-та седница на ДКСК, го елаборираше предметот за именување на лице за в.д. директор на јавното комунално претпријатие во општина Лозово, без да објави оглас, побара да се отвори дебата по ова прашање, бидејќи во законот не е предвидена прекршочни одредби за вакво непочитување.

– По добиените информации од општина Лозово, индикативно е дека појавата си продолжува. Исто лице на ова ЈП е именувано од градоначалникот два пати како в.д. директор, без да се почитуваат одредните од Законот за локална самоуправа и Законот за ЈП, изјави Бајрами.

На прашање од ДКСК зошто не е објавен оглас, директорот објаснува дека општина Лозово е мала рурална средина и нема лице кое во целост ги исполнува условите од член 23 од Законот за јавни претрпијатија.

– Во законот за локална самоуправа и за јавни претпријатија не се предвидени прекршочни одредби за необјавување на оглас, ова го истакнуваме како поука, бидејќи се се сведува на самовилие и политички пазар без почитување на закони, изјави Бајрами.

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 40-та седница разгледа повеќе предмети, меѓу кои и осум поднесени од укажувачи во периодот на 2019 година.

Од овие предмети, за кои како овластено лице за прием на пријави од укажувачи елаборираше Ирена Поповска, два беа прифтаени и се однесуваа на начинот на избор на в.д. директори во Ј.П. без објавување на оглас за што ДКСК одлучи да отвори постапки.

ДКСК затвори три предмети за кои по добиените информации наовидте од пријавите не се потврдиле. Пријавите се однесувале за незаконита исплата на плати во училиште, за унапредување службеници за време на изборен процес, за постапување на професор од УКИМ за полагање на лице, кои не е регистрирано како студент.

Поради застареност затвори еден предмет, кој се однесувал на незаконитости за неисплата на надомест на инвалидност од приватна фирма.

ДКСК, се произнесе како ненадлежна и отфрли една пријава за мобинг против вработен во ЈП надлежен за користење на годишен одмор и КОВИД мерките за време на пандемијата.

Постапката по еден предмет, на барање на укажувачот е прекината и префрлена во редовно постапување на ДКСК.

Ова беше прва онлајн седница на ДКСК  на која присуствуваа и новинари.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ