• Latest

ДКСК ја запре постапката за набавката на службено возило на поранешниот претседател на Врховен суд Јово Вангеловски

November 6, 2020
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДКСК ја запре постапката за набавката на службено возило на поранешниот претседател на Врховен суд Јово Вангеловски

November 6, 2020 16:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој го елаборираше предметот, посочи дека иако не може да се утврдат сомневањата, сведоци сме и тоа го покажува ревизорскиот извештај, дека во судовите фалат многу други поважни работи, отколку скапите возила, пренесува МИА.

– Бидејќи не можеме да изречеме друга мерка, би издводил само дел од ревизорскиот извештај, како што е тоа, дека просторните услови не ги задоволуваат потребите за нормално функционирање на судовите, недоволен број на простории за чување на архивираните предмети, една третина од судовите ги немаат осигурено објектите и опремата, фали и многу друга техничка опрема за аудио снимање на рочиштата и ред други слабости, изјави Бајрами.

Во однос на предметот Шпанско село 2 – за евентуална поврзаност на министерот за здравство Венко Филипче и семејството на неговата сопруга, на директорот на Синерџи медикал Горан Филипов, како ко-сопственици на имотот во Нерези, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска посочи дека се чекаат информации од општина Карпош за предметот по што комисијата ќе се произнесе.

Со овој предметот е поврзано и работењето на Илир Цани – сега актуелен заемник министер меѓутоа поранешен директор на јавната здравствена установа поврана со случајот, и дека е поврзан со Синерџи Медикал.

– Средствата за инвестиции во објекти и опрема во Јавни здравствени установи се обезбедуваат од буџетот на Министерството за здравство, но техничките спецификации и документи клиниките сами ги изработуваат, без учество на министерството. При оцена на прифатливоста на понудите не учествувале вработени во министерството, ниту министерот, изјави Ивановска.

Извршен е увид во електронскиот систем за јавни набавки, посочи таа, при што констатирано е дека во периодот 2018 до 2020 година министерството за здравство доделило 122 договори за јавна набавка во име на други здравствени установи, додека економскиот оператор Синерџи медикал во истиот период склучил 129 договори за јавна набавка со јавни здравствени установи ширум републиката, што укажува дека овој економски оператор во континуитет добива договори.

– По извршен увид во тендерската документација на клиниката, се утврди дека техничките документации и критериумите од тендерската набавка се изработени согласно закон. Од страна на клиниката спроведен е технички дијалог, а евалуацијата на понудите е согласно законските одредби. Од тој аспект не успеавме да најдеме ништо незаконски во тендерските постапки, изјави Ивановска.

Во однос на градежните плацови, поднесено е барање до општина Карпош инспектори да излезат на терен и утврдат дали и како се гради на тоа земјиште, за што ќе биде известена јавноста по добивање на информации.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која исто така елаборираше за постапката по сопствена иницијатива во однос на склучените договори од Општина Центар со фирми за изработка на ДУП по цена од еден денар за метар квадратен, рече дека треба да се отвораат 16 очи при склучување на ваквите договори за јавни набавки поради можноста вака ниските цени потоа да се надоместуваат на коруптивен начин.

– Имајќи ја предвид вредноста на договорот од еден денар за метар квадратен сакаме да укажеме дека ризиците кои ги констатираме во овој случај. Општината, не располагала со адекватни правни механизми за наплата на штета и постои ризик од ненавремено и соодветно извршување на договорот и се доведува во прашање квалитетот на договорот, изјави Ивановска.

Потсети, дека оваа јавна набавка се однесува за изработка на план за земјиште за продажбата на просторот спроти Холидеј Ин.

– Уште тогаш порачавме и дадовме препорака будно да се следи подготовката на планот, дотолку повеќе што постои сериозен ризик при вака евтина цена за изработка на планот, вистинската цена на економскиот оператор да ја надоместат нарачателите на планот, а тоа се сопствениците кои го купија тоа земјиште, изјави Ивановска.

ДКСК на денешната 40-та седница разгледа повеќе предмети, меѓу кои поднесени од укажувачи, граѓани или отворени на сопствена иницијатива.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ