Categories

ИСТРАГА ДКСК ќе ја испитува имотната состојба на Иванов

ДКСК на денешната седница објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов, кому функцијата шеф на државата му истекува на 12 мај.

Познато е дека Антикорупциска ќе ја почне постапката по допрен глас и да се види каква промена има во имотот на Иванов по два изминати мандати како претседател на државата.

Минатата недела оттаму наведоа дека предизборните унапредувања и именувања во Армијата што пред две недели ги потпиша Иванов ќе бидат предмет на постапка на Антикорупциска комисија.

На 26 февруари, со веќе распишани претседателски избори, во Службен весник се појавија шест укази од претседателот Ѓорге Иванов за унапредувања и именувања во армискиот врв.

Указите се донесени на предлог на Министерството за одбрана и Генерал штабот на АРМ, согласно нивните надлежности, демантираа од неговиот кабинет, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.

„При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста“, стои во соопштението.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email