Државната комисија за корупција отвори предмет по сопствена иницијатива откако Владимир Чадиковски, единствениот лиценциран детски кардиохирург, даде отказ од болницата „Жан Митрев“.ДКСК ќе испитува кои биле причините за раскинување на договорот меѓу Фондот за здравство и болиницата „Жан Митрев“. Една од причините за разгледување на договорот се информациите што излегоа во медиумите дека докторот Жан Митрев немал лиценца за детска кардиохирургија.
Како што беше кажано на прескоференцијата во Владата, што ја држеа министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ФЗО Ден Дончев, во овој случај нема никакво договор з ајавно-приватно партнерство, туку беше проширен договорот што приватната болница со имаше со ФЗО.
Ваквото иницирање за поренување постапка од ДКСК, дојде по предлог на претседателката Билјана Ивановска откако кардиохирургот Владимир Чадиковски поднесе оставка од „Жан Митрев“. Со Чадиковски си заминаа и двајца анестезиолози, а во јавноста се шпекулира дека е можно тој да премине во приватната болница „Сестина“.
На денешната седница ДКСК утврдуваше и дали имало вработувања во прилепската болинца за време на изборите.












