• Latest

ДКСК: Ќе проверуваме дали меѓу донаторите за изборна кампања има социјални случаи и невработени

July 23, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДКСК: Ќе проверуваме дали меѓу донаторите за изборна кампања има социјални случаи и невработени

July 23, 2020 15:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии почнале да доставуваат до Државната изборна комисија извештаи за добиените донации во текот на изборната кампања согласно законот. Правовремено доставиле извештаи за првите 10 дена, а следствено на тоа и за вторите 10 дена. Главно сите политички партии ги доставиле извештаите.

„Ова се само извештаи за примени донации, така што ние немаме целосна слика за целокупното работење на партиите и на коалициите. Тие ќе ги добиеме откако ќе поминат најмногу 90 дена од објавувањето на конечните резултати. Сведоци сме дека резултатите сè уште не се објавени. Најдоцна за 90 дена ќе ги достават финансиските извештаи за трошоците и приходите за текот на изборната кампања по што ќе можеме да видиме за што сè е потрошено во текот на изборите“, информира на денешната прес-конференција Катица Николовска од ДКСК.

Таа потенцира дека со измените на Иборниот законик прв пат е обезбеден директен пристап за ДКСК до сите учесници во изборната кампања со цел да се види од каде и колкави средства добиваат било од правни или физички лица.

„Истовремено обезбедивме пристап во базите на податоци од МТСП во делот на користниците на социјална помош и други бенефиции што ги дава МТСП и соработката со Агенциите за вработувања во однос на тоа да провериме дали донаторите на политичките партии се евентуално социјални корисници, дали се вработени, едноставно дали имаат бекграунд износи што ги донирале во изборната камапања“, рече Николовска.

Таа нагласи дека ова ќе биде период во кој ќе направат вкрстени проверки.

„Оваа година со поддршка на ИФЕС обезбедено е ангажирање надворешни соработници кои имаа цел да ги следат локациите на билбордите на политичките партии каде се поставени, со цел да се види дали локациите се согласно закон и дали се одобрени од ДИК, да се види со каков рекламен материјал располагаат партиите, каде имаат штабови, како пристигнуваат на средби со граѓаните, дали користат јавни средства и возила. Тоа е битно кога ќе ги достават финансиските извештаи да провериме дали сите тие рекламни материјали се пријавени, документирани… Сите овие расходи и трошоци направени се со цел да потврдиме дали прибраните средства се од законски извори обезбедени, додаде Николовска.

Текст, камера и монтажа: Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ