• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

ДКСК не утврди коруптивно однесување при доделување концесии на фирми чии сопственици се во крвно сродство со Заев

February 12, 2021

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК не утврди коруптивно однесување при доделување концесии на фирми чии сопственици се во крвно сродство со Заев

February 12, 2021 12:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 46 седница го утврди потпретседателството на членот на ДКСК, Шемси Салаи, по истекот на мандатот на Катица Николовска.

ДКСК ги утврди и измените во Правилникот на  систематизацијата  на работните места во Секретаријатот на ДКСК и утврдување на четворица нови вработени по распределбата од Министерството за политички систем, односно тројца помлади соработници и еден референт.

ДКСК отвори повеќе предмети, меѓу кои за член на Совет на општина, кој истовремено е член и на Управен одбор на детска градинка, за пратеник во Собранието кој истовремено е член и на Надзорен одбор во Центарот за управување со кризи и за в.д. директор на средно општинско училиште, кој истовремено управува како сопственик со трговско друштво.

Конкретно ДКСК посвети внимание на предметот отоверн по анонимна пријава, а се однесува на генралниот секретар на Државниот завод за ревизија кој укажува на злоупотреба на службена положба и незаконско трошење на јавните средства во ДЗР. Во пријавата се наведува дека претходниот главен државен ревизор во својот мандат го назначил, а со истекот на неговиот мандат требало да истече и мандато на назначениот генерален секретар. Но, како што стои во пријавата тој продолжил да ја врши функцијата генерален секретар со плата која му следува според функцијата, наместо да се врати на претходната позиција што ја имал во ДЗР. Заменикот на главниот државен ревизор бил информиран за оваа состојба, но не презмал ништо. ДКСК заклучи дека немаат законски основ да псотапуваат по предметот во услови кога во тој период, две години ДЗР беше без главен државен ревизор.

„Во таа насока можеби политичките одлуки што се носат во Собранието придонеле да се случи ваквата состојба. Доколку главниот државен ревизор се изберел навремено воопшто не би настанала ваквата состојба“, истакна претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

ДКСК дискутираше и за предмет кој е отворен по пријава на ВМРО-ДПМНЕ во однос на доделување на концесии на фирми што се во сопственост во тесно и крвно сродство со претседателот на Владата, Зоран Заев, со обвинување дека доделувањето на концесии се должи на коруптивни активности. ДКСК формира два предмети едно преку одделението за корупција и друг преку одделението за судир на интереси за анализа на учеството на премиерот при доделување на концесиите.

„Улогата на Зоран Заев, како премиер на Влада воопшто не влијаело на донесување на одлуките за распределба на концесиите. Од аспект на коруптивно однесување наводите во пријавата на ВМРО-ДПМНЕ не се потврдени“, залучија од ДКСК запирајќи ја постапката по овој предмет.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ