• Latest

ДКСК: Неказнивоста и неспроведувањето на законите – главни проблеми во заштитата на животната средина

November 4, 2021
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ДКСК: Неказнивоста и неспроведувањето на законите – главни проблеми во заштитата на животната средина

November 4, 2021 14:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неказнивоста и неспроведувањето на законите беа нотирани како главни проблеми во заштитата на животната средина на денешната јавна дебата насловена „Состојбите во животната средина – управување со отпад“ во организација на Државната комисија за спречување на корупција.

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, во своето воведно обраќање ја посочи животната средина како сектор со приоритетни проблеми во борба против корупцијата.

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК на дебата „Состојбите во животната средина – управување со отпад“

– Сметаме дека акутен проблем со кој се соочува секторот животна средина е недоследно имплементирање на Законот за управување со отпад во делот на интегрираното и регионално управување со отпад. ДКСК утврди дека општинските јавни претпријатија се генерално во лоша состојба и неефикасни во управувањето со отпадот, посочи таа.

Ивановска дополни дека со оглед на тоа што Националната стратегија во својата суштина цели кон подобрување на животот на граѓаните и ослободување на општеството од стегите на корупцијата, неопходно е да обезбеди целосна поддршка на овој процес.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на дебатата сподели дека иако секторот за отпад се смета за гранка која што е исклучително ранлива, од причина што тоа претставува многу сложен систем, сепак во него изминативе години се вложени дополнителни напори, пред сè во донесување на законска регулатива, која пропишува многу построги правила во областа и го ограничува незаконското делување.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на дебатата „Состојбите во животната средина – управување со отпад“

– Во оваа насока, со новото законодавство во делот на управувањето со отпад се поставени построги правила за следење на транспортот на отпад, зголемени се глобите, и се воведени построги мерки за контрола на субјектите кои управуваат со отпад и за самите создавач на отпад, рече Нуредини.

Според Нуредини, со новите закони ќе се направи подобра проверка и контрола.

– Тоа значи дека сите производители ќе бидат вклучени во процесот и тие ќе мора со Министерството и со Управата за јавни приходи да имаат договор за одговорности, со кој ние ќе ги знаеме количините на отпад на производителите и тие ќе мора да плаќаат цена која секоја година ќе се зголемува и после третата година оваа одговорност ќе ја земе Енергетската регулативна комисија, додека нема правен и ефикасен пазар за вакви цени, додаде Нуредини.

Сретен Стојковски, в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, посочи дека иако Законот за управување со отпад е прв закон хармонизиран со европското законодавство од областа на животната средина, ние како држава се уште немаме поставено соодветен систем за управување со сите текови на отпад.

Сретен Стојковски, в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина

Дека загадувањето на животната средина може да се смета за хибридна закана, потенцираше Владимир Георгиев, член на ДКСК. Според него, тоа е феномен кој што произлегува од конвергенција, односно меѓусебно поврзување на различни елементи кои заеднички формулираат една посложена закана.

Владимир Георгиев, член на ДКСК на дебатата „Состојбите во животната средина – управување со отпад“

– Доколку загадувањето на животната средина е поврзано со корупцијата и со трговијата на влијание, исто така, се смета за хибридна закана, бидејќи самата корупција е поврзана со организираниот криминал, односно со загрозување на човековите права и владеењето на правото, тогаш навистина имаме сериозни причини за загриженост, посочи Георгиев.

Георгиев смета дека не се работи само за немање доволно свест за заштита на животната средина, туку, според него, се работи и за многу подлабоки причини во однос на остварување на корист, злоупотреба или преку трговија со влијание и корупција, неводејќи сметка за основните уставни човекови права – правото на здрава животна средина.

На јавната дебата учествуваа повеќе експерти, новинари, претставници на јавни претпријатија и институции, чии заклучни согледувања Државната комисија за спречување на корупција ќе ги достави до надлежните институции

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ