Лиле Делиџакова, сестра на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, била избрана за член на Комисијата за хартии од вредност без потполна документација, соопшти ДКСК. Антикорупционерите бараат одговорност од Владата – да се преземат санкции за лицата кои не ги запазиле роковите и зошто не е формирана Комисија за административна проверка на добиените пријави, како и зошто владината комисија за именување не си ја завршила работата.
„Тоа е она што постојано го коментираме за системска корупција, кога корупцијата се јавува во највисоките нивоа на државните органи, што останува за корупцијата во другите органи. Сè е по Устав и по закон, но ништо не е правилно, а наше е да го обелодениме сето тоа“, изјави на прес-конференција Катица Николовска, од ДКСК.
Камера и монтажа: Дехран Муратов