• Latest

ДКСК: Со донациите за ДУИ е прекршен законот, предметот ќе се достави до ДЗР и Министерството за правда

September 11, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК: Со донациите за ДУИ е прекршен законот, предметот ќе се достави до ДЗР и Министерството за правда

September 11, 2023 11:48
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот што го отвори по сопствена иницијатива – за прекршување на Законот за финансирање политички партии, Антикорупциска комисија го затвора и ќе го проследи до Државниот завод за ревизија (ДЗР) и до Министерството за правда како надлежни за надзор и следење на финансирањето политички партии.

Шемши Салаи, член на ДКСК, на денешната 92-ра седница на Комисијата рече дека се работи за донација за Демократска унија за интеграција (ДУИ) која била поголема од тоа што го дозволува законот, а предметот, рече, го отвориле по сопствена иницијатива врз основа на новинарско прашање.

Врз основа на извештаите што ги добиле од ДЗР, констатирано е прекршување на член 16 од Законот за финансирање политички партии, затоа што физичко лице има донирано повеќе отколку што е законски дозволено.

Според законот, износите на донациите се регулирани и партиите не смеат да примат повеќе од 60 просечни нето плати од правни лица и повеќе од 30 просечни плати во државава од физички лица.

Од ДУИ ги добиле бараните документи и потврда дека во меѓувреме и самите го констатирале надминатиот износ и донеле одлука средствата заедно со вирмани дека се вратени.

-Констатирале и дека од два правни субјекта добиле поголем износ и решиле да ги вратат во јули 2023, рече Салаи.

Сепак, повредата на  член  16 од Закон за финансирање политички партии е направена затоа што парите не се вратени веднаш или најдоцна од 15 дена од нивното донирање. Поради тоа за овој предмет ДКСК ќе ги информира ДЗР и Министерството за правда.

Членовите на ДКСК усвоија предлог да се иницира кривично гонење до ОЈО против градоначалник на една општина затоа што исплатил еднократна парична помош од општинскиот буџет,  од Програма за мерки и активности од областа на социјална заштита, за време на избори во 2018 и 2019.

Се работи за исплата на 200.000 денари кон 38 физички лица, еднократни трансфери од буџетски средства. Одлуката тој  ја донел во период на избори.

ДКСК укажа дека е прекршен Изборниот законик според кој од денот на донесување одлука за избори до изборот на претседател или до составување на Собранието не смее да се вршат исплати на материјални надоместоци од буџетски средства или од јавни фондови кои не се редовни месечни исплати. Тоа е содржано и во Законот за спречување корупција и судир на интереси, а за кривично дело се смета противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори за што е предвидено затвор од  три до пет години.

Антикорупциската комисија одлучи да запре постапувањето по предмет од анонимен подносител кој се сомнева во унапредување на седум вработени во скопска општина и дека тоа е направено наводно спротивно на Законот за административни службеници.

Според ДКСК, непотврдени се наводите во пријавата. Констатирано е дека се сменети одредби на Законот за административни службеници, но дека погрешно дефинирање на условите во огласот не влијаело битно на унапредувањето на вработените кои повеќе години работеле во општината.

-Направено е според правила на интерен оглас согласни акти од МИОА и грешката што е направена во објавување на огласот не влијаела битно на изборот на самите вработени, констатираше ДКСК, која одлучи да го запре постапувањето по овој предмет.

Антикорупциската комисија на седница денеска предложи училишниот одбор во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и министерот за образование и наука да утврдат одговорност на  директорот на училиштето, како надлежен за извршување на буџетот, поради наменска јавна набавка на концертен клавир, спроведена без технички дијалог, и за незаконско  ангажирање штимери на клавир.

Од документите е утврдено дека техничка спецификација на набавениот клавир се совпаѓа со понудата која била единствена. Тројца клавир штимери имаат исто презиме од една фамилија, а еден од нив има приватна форма преку која е извршена набавката.

Tags: ДКСКдонацииДУИ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ