• Latest

ДКСК: Во услови на криза постојат зголемени ризици од корупција

April 8, 2020
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: Во услови на криза постојат зголемени ризици од корупција

April 8, 2020 13:17
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДКСК и Платформатa на граѓански организации излегоа со соопштение за своите активности во во време на пандемијата на Ковид-19.

Во соопштението наведуваат дека нивните активности се насочени кон:

1. Следење на содржината, транспарентноста и отчетноста во реализацијата на уредбите со сила на закон и мерките што Владата и институциите ги носат во овие вонредни услови, а особено на оние кои вклучуваат трошење на буџетски средства и, користење на донации и слично, a во насока на заштита на здравјето на граѓаните и економската состојба на земјава.

2. Поддршка на граѓаните и институциите во пријавувањето и навременото откривање на можни недоследности и незаконитости во постапувањето на државните и локални власти, како и на поединци и субјектите во јавниот сектор.

„Во оваа прилика уште еднаш, им посочуваме на службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности. Согласно овие начела службените лица:

· не смеат да ја користат функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување на дејствие што согласно законските прописи е забрането, односно не смеат да дозволат пропуштање на дејствие кое се задолжени да го извршат;

· не смеат да го подредат своето професионално извршување на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице;

· должни се да го почитуваат јавниот интерес и да постапуваат без дискриминација или повластување на било кого;

· не смеат да се раководат од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.

Сакаме да истакнеме дека во услови на криза, постојат зголемени ризици од корупција, за што сведочат досегашни кризи од помали размери како во нашата, така и во други држави. Оттука, ќе се посвети внимание на јавните набавки, дистрибуцијата на државна помош и донациите, како и работата на инспекторатите. Очекуваме дека институциите ќе сторат сѐ, во внатрешните процедури кои се пишуваат врз основа на уредбите со законска сила да бидат вградени соодветни антикорупциски механизми, водејќи се од начелата на етичност, непристрасност и транспарентност. Дополнително очекуваме дека ќе се води јавна евиденција на примателите на државна помош (по различен основ) и донации, добавувачите во јавните набавки и субјектите на инспекциските проверки“, се вели во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ