• Latest
Добро утро со Орданоски

Дното е допрено

September 5, 2018

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дното е допрено

September 5, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]У[/dropcap]баво му тргна на Груевски на вчерашната прес-конференција. Почна со објаснувања дека пресудите што ги очекува ќе биле политички мотивирани, донесени под притисок на „многу повисока инстанца“, на фактори вон судството. Бидејќи тој е несомнен експерт за темата на политичкиот прогон, со стаж од десетина години на развивање на, за влакно, совршениот партиско-политички судски систем за испорачување на нарачана правда, Груевски детално ни објасни како биле повикувани судиите, притискани, убедувани, еден бил и сменет, а судските рочишта и распоредот на судиите се режирани за да се постигне максимален политички ефект од пресудите што ги очекува. Ексклузивно, Груевски ја информираше јавноста дека постои и некаков судски АКМИС систем кој да ти бил наштиман, а можеби и целосно злоупотребен, само нему да му се наштети. Цитирам: „Ова е дно на сите дна до кое е доведено политизираното судство во државата“!

Така говореше Груевски. Човекот кој со години инсистира да живее во паралелната реалност на сопствениот култ на личност и наводна тотална неинформираност за тоа што, навистина, се случуваше во Македонија – на пример, кои се тие „сите дна“ во судството? – за време на неговото долго владеење.

Но, велам, добро му тргна, се трудеше (со очигледни потешкотии, додуша) да делува уверливо, информиран за темата за која говори, со детали што треба да упатат на тоа дека податоците му се сигурни, претставувајќи се себе си како иден политички затвореник без никаква вина за која го судат. Маченик за Македонија, возљубен од премудриот врвен политички арбитар, „народот“! Нелсон Мандела од нашиот сокак. Само малку поимотен.

Ќе му беше попаметно на тоа да застане. Ама, не…

И потоа сè расипа. Почна да раскажува „жолто комбе“ сценарија за важноста на неговото затворање за исходот на референдумот, дека е жртва на сопствените „врвни“ принципи, за тоа колку совесно и чесно работел и дека кога, за некој месец, ќе се врати на власт, во име на „народот“ сите има да одговараат по пат на употреба на методите на Протуѓер, кому му се суди во неколку соседни судници. Мамето мамино, само за некој месец!

Всушност, Груевски од петни жили се труди да ги убеди своите драматично проретчени поддржувачи дека последната година-две е период на само една мала непријатност во неговата политичка кариера која блескаво ќе продолжи веќе идната пролет таму каде што застана пролетта 2017 и дека ова сè што (му) се случува (од Мицкоски во претседателската партиска фотелја, до судењата и најверојатниот затвор што му се заканува) е една привремена транзиција „што треба да се издржи“, бидејќи следува триумфално враќање на власт со големи награди и почести за верните и безмилосни казни за предавниците.

Се разбира дека за Груевски нема враќање во врвната македонска политика. Не само затоа што тоа никому не му успеало и во многу поповолни услови (како, на пример, да не завршат во затвор, за почеток), туку и затоа што македонската јавност покажува јасна свест дека со него, со неговиот начин на владеење и со последиците од тоа владеење расчистила за догледно време. Во нашите животи во Македонија веројатно ќе се изнагледаме уште многу политички глупости и опасни авантури, но историјата и кога се повторува тоа никогаш не се случува со претходните исти актери.

Друго прашање е каков е маневарскиот простор на Груевски за пазарење за своите правосудни предизвици. Вистина, на „сите дна“ на македонскиот правен систем сè уште живеат монструми кои не се извадени на светлото на денот, па затоа мислам дека таа, последна, надеж кај Груевски не е сосема неоснована. Но, се работи само за спасување на сопствената кожа. И ништо повеќе.


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат (6/9/2018).

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: Груевскиднопрес-конференцијасудство
Share224TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ