Со имплементацијата на Договорот од Преспа, граѓаните ќе имаат рок од пет години да ги променат своите лични документи, каде ќе стои новото име на државата „Република Северна Македонија“, а со новите амандмани во нив ќе стои и етничката припадност на малцинските заедници.
Покрај новите лични документи, граѓаните ќе треба да си набават и регистарски таблички, на кои ќе стојат кратенките НМ или НМК, за нивните возила, најдоцна во рок од 5 години откако ќе биде ратификуван Договорот од Преспа и во грчкиот парламент.
Во следните пет години треба да се промени и сета останата документација на јавната администрација за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба и нивното издавање ќе почне со отворањето на секое поглавје на релевантно поле во преговорите со ЕУ.
Во Службениот весник веќе се објавени одлуките за уставните измени и за имплементаијата на Договорот од Преспа и за уставните измени.
Договорот од Преспа предвидува дека официјален јазик е македонскиот јазик, кој е преведлив на сите јазици, со фуснота дека Македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици.
Во ООН во Њујорк останува да пишува Македонски јазик, без фуснота за дообјаснување.
Државјанството според Договорот е „Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.
Државните симболи, како химната, грбот и знамето остануваат исти.
Кодот МК и МКД се задржува, како официјален меѓународен код за именување во сите сектори, и интернет домејните остануваат со .мк.
А. П.