• Latest
Поплави во Германија, јули 2021

До 2025 може да изумрат милион видови од познатата флора и фауна

July 21, 2021

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

До 2025 може да изумрат милион видови од познатата флора и фауна

Природата нѐ предупредува дека сѐ она што сме потпишале за нејзината заштита треба да го почитуваме

July 21, 2021 08:30
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Поплави во Германија, јули 2021

Поплави во Германија, јули 2021

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Лабораториските експерименти за тоа што може да ѝ се случи на планетата Земја поради климатските промени кои се условени од прекумерно загадување и од неконтролираната емисија на штетни гасови се апокалиптични. Доколку овие експерименти направени во лабораториските услови навистина се случат во природата, ќе биде доцна за каква било интервенција. На ова, уште во 2004 година, предупреди професорот Клаус Хуг од швајцарската фондација Академија Енгелберг (форум број 157 од февруари 2005, стр. 68).

И тоа се случи. Најмалку 200 луѓе настрадаа, а стотици се водат како исчезнати за време на незапаметени поплави во Германија и Белгија. При посетата на настраданите подрачја германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека тоа што го гледа е шокантно и дека во германскиот јазик нема доволно зборови со кои оваа несреќа може да се опише.

Незапаметено високи температури ја зафатија и Канада, а во Литон во Британска Колумбија измерена е највисоката температура во последните 84 години од 46,6 степени, а причината за тоа е во енормно голема емисија на јаглерод диоксид.

И покрај предупредувањата да се стопира и намали изградбата на термоелектраните на јаглен, сепак, Кина и Индија продолжуваат да градат нови електрани на јаглен, а земјите од Г-7 сѐ уште се без цврста одлука кога ќе почнат да ги затвораат.

ОПОМЕНА

Ни Република Северна Македонија не е изземена од последиците на климатските промени. Скопје овие денови одбележува пет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Долгорочните метеоролошки прогнози дека, поради глобалното затоплување, просечните годишни температури во Европа нагло ќе се зголемат за 2 до 4 степени, се остварија. Иако на почетокот сметавме дека е тоа мала разлика во однос на поранешните просечни годишни температури, тешко ќе се навикнеме на промената на климата.

Во Северна Македонија просечните температури беа покачени за 2,3 целзиусови степени  над просекот што оваа зима ја прави трета рекордно најтопла зима во регионот. Таман толку да не видиме снег, да нема доволно врнежи и акумулациите да се испразнат.
Во јануари и февруари во Хелсинки (Финска) просечни температури беа покачени за неверојатни 6 целзиусови степени.

Планетата на која живееме не е под гаранција, па доколку нешто се расипе да може да се повика сервис што ќе го поправи расипаното. Ако сакаме и понатаму да живееме на планетата, мора сите да се грижиме за неа.

Глобалната промена на климата на Земјата и затоплувањето на нејзината атмосфера до 2025 година може да придонесе кон изумирање на речиси еден милион видови од познатата флора и фауна.

Екологистите велат дека секој од нас може да даде свој придонес за да се зачува  животот на Земјата. На пример, кога секој возач неделно со својот автомобил би поминувал 15 километри помалку од вообичаеното, емисијата на јаглерод диоксид во воздухот би се намалила за дури 13 проценти.

Во нашиот регион, на пример, секоја година термоелектраните на јаглен од Балканот ѝ испорачуваат на Европа сметка од 8,5 милијарди евра на име здравствени трошоци на граѓаните поради загадувањето. Најголем загадувач во Северна Македонија е РЕК Битола. Проценките се дека штетата врз здравствениот систем во Европа поради штетните супстанции кои ги емитува нашата земја изнесуваат помеѓу 256 и 720 милиони евра годишно.

Според истражувањето на Министерството за животна средина, во рамки на програмата за развој на Обединетите нации, климатските промени во Македонија се гледаат како трета најсериозна закана за општеството по сиромаштијата и економската ситуација.

ЈУГО И ЕУРО-3

Развиените европски земји и оние помалку развиените, кои им веруваат на метеоролозите и климатолозите, уште со потпишувањето на протоколот од Кјото се обврзаа дека ќе направат сѐ што е во нивната моќ за да го намалат глобалното затоплување и дека веќе до 2012 година ќе ја сведат емисијата на штетни гасови на нивото од 1990 година. Протоколот од Кјото е меѓународен договор со кој се прошири Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени од 1992 година, со која државите членки се обврзуваат да ги намалат емисиите на стакленички гасови.
Генерално ветувањата не се остварија.

Тие ги воведоа стандардите Еуро 3 за автомобилите, а ние уште возиме Југовци, Лади, Шкоди од деведесеттите години кои „кога ќе тргнат за Куманово, чадот уште им стои во Скопје“.

Климатската акција е високо на политичката агенда и на Европската Унија, со единствена цел да се постигне целосна климатска неутралност до 2050 година, односно декарбонизација. Северна Македонија како земја кандидат за ЕУ ги пресликува овие политики, но за приближување кон законодавството на ЕУ потребно е да се усогласат и други регулативи.

Европската комисија во својот последен извештај за напредокот за 2020 година ја потврдува констатацијата дека земјата е во рана фаза на подготвеност. Во тек е подготовка на национална стратегија и законот за климатска акција. При подготовка на националните документи земени се предвид обврските кои земјава ги има согласно меѓународните договори за климатските промени. Надица Угриноска, раководител на Одделението за транспорт, животна средина енергетика и регионална политика при Секретаријатот за европски прашања (СЕП) вели дека, како основа при подготовките на наведените национални документи, земени се предвид обврските кои земјава ги има согласно меѓународните договори за климатски промени. Исто така, предвидена е подготовка на Стратегија за адаптација кон климатските промени и се очекува истата да биде изработена во рамки на Зелениот климатски фонд. Истовремено, споменатите документи се користеа во подготовката на стратегијата и законот за климатска акција.

Што е, всушност, глобално затоплување? Тоа е невообичаено брзо зголемување на температурата на Земјата во изминатиот век, предизвикана од човечкиот фактор при согорување на големи количини на фосилни горива. Стапката на зголемување на температурата на Земјата во последните 50 години речиси двојно е зголемена. Од почетокот на индустриска револуција околу 1750 година до 2009, нивото на јаглерод диоксид е зголемено за 38 проценти, а ниво на метан за 148 проценти.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ