Не е прв пат да се изразува радост поради трагедијата на другите. Во тоа, се чини, се натпреваруваат многумина екстремисти. Некои, веројатно незаслужено, му го даваат приматот во сеењето омраза на квази новинарот Миленко кој заработи и кривична пријава по изразувањето на отворена омраза и ситење за трагедијата во пожарите во Грција што однесоа десетици животи.
Веднаш по смртта на охридскиот градоначалник Јован Стојановски, се појави и Фејсбук пост што потсети на гнасната појава на Миленко и сите останати мразачи на социјалните мрежи. Останува неодговорено прашањето: До каде може да оди омразата? Уште поважно: Зошто сето тоа? Не го гледаат ли апсурдот на ваквото однесување?
Во секој случај, институциите мора посериозно да се занимаваат со оваа појава.
Џ. Дерала