До Управниот суд на Република Северна Македонија сè уште нема приститгнато ниту една тужба од политичките партии, иако повеќето најавија дека ќе се жалат на одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие нивните приговори.
– До Управниот суд сè уште нема пристигнато ниту една тужба од политичка партија. Откако ќе пристигне Управниот суд во рок од 60 часа ќе закаже јавна расправа, информираат за МИА денеска од Управниот суд.
На вчерашната тричасовна седница, едногласно, членовите на Државната изборна комисија ги отфрлија сите 2.142 приговори поднесени од политичките партии за предвремените Парламентарни избори.
Оценка на членовите на ДИК беше дека приговорите се без докази, а најголем дел од оние што беа поднесени од Левица немаа ниту потпис од овластен претставник. За барањата за рачно броење на избирачките ливчиња, членовите на ДИК кажаа дека децении наназад тие се бројат рачно и јавно се покажуваат пред членовите на избирачките одбори, а дополнително потецираа дека по повеќепати се проверени записниците од сите 3.480 избирачки места и 80-те општински изборни коимисии каде нема забелешки за основите на приговорите.
Политичките партии имаат рок од 24 часа откако ќе го примат решението од ДИК со кое се одбиваат нивните приговори за изборни нерегуларности да реагираат до Управниот суд.
Тужби до Управниот суд најавија полтичките партии ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Интегра.