• Latest

Добредојдовте во „златната ера“

January 21, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Добредојдовте во „златната ера“

January 21, 2025 10:43
in ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Многумина кажале дека Доналд Трамп е шоумејкер и веројатно се во право, особено ако мислат на евтина забава за „широки народни маси“. Секако, не е некој посебно надарен, а ниту единствен шоумејкер, но со сигурност може да се каже дека во моментов е најмоќниот шоумејкер на светската политичка сцена. И многу е упорен – тоа и го донесе на престолот на моќта во Овалната соба. Тоа и донациите од стотици милиони долари од најбогатите луѓе во светот. Инаку, Трамп е само уште еден популист, какви што има насекаде во светот, а кои се во незапирлив подем. Тие обезбедуваат евтина забава, со трикови што побудуваат емоции кај групи и заедници кои се засегнати, исплашени и изманипулирани – или се задоени со омраза.

Многу илјадници редови и огромен број часови телевизиска програма, извештаи и панел дискусии беа продуцирани за време на речиси 12-часовната инаугуративна програма во Вашингтон на 20 јануари 2025 година. По сето тоа, не останува многу да се каже.

Трамп е повторно на власт. Сега уште посигурен и поагресивен отколку во неговиот прв мандат (2017-2020). Неговата инаугурација во голема мера покажа како ќе изгледа неговото владеење со најмоќната држава во светот. По сето тоа што го кажа, а и со тоа што не го кажа новиот американски претседател во трите говори за време на церемониите и настаните на неговата инаугурација, со сигурност може да се каже барем едно нешто – Америка и светот се пред нови неизвесности.

И лагите. Тие се веќе пословични кога се работи за Трамп. Еден од новинарите на Си-ен-ен во еден момент за време на специјалната програма ја евоцира оценката од претседателската дебата со сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден – една лага во минута. Своевремено, Вашингтон Пост изброи 20,573 лаги што ги кажал за време на првиот мандат.

Редакциите во голем број светски медиуми оценија дека Трамп во своите говори, кои очигледно беа надвор од сценариото на неговите настапи, искажа најмалку 20 лаги. Зборуваше за иднината врз основа на непроверливи ставови. Истури лавина од изрази со кои целосно ја омаловажи администрацијата на неговиот претходник, претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. А сето тоа го поткрепи со потпишување извршни наредби со кои анулираше дури 78 политики, односно законски мерки на поранешниот претседател.

Издаде наредба до федералните институции да се работат на намалување на трошоците за живот и нареди да се запре владината цензура – што и да му значи и како и да го замислува тоа. Се повлече од Париската спогодба за борба против климатските промени. Потпиша указ со кој во земјата има само два пола, машки и женски. Помилува или им ги намали казните на напаѓачите на Капитол од 6 јануари 2021 година, нарекувајќи ги – заложници. За ослободувањето на тие „заложници“ од 6-јануарскиот напад, Трамп говореше пред 20-илјадната маса во Арената Капитол 1, додека зад него беа построени членовите на семејствата на вистински заложници, оние што ги киднапира Хамас во нападот на 7 октомври 2023. Прогласи национална вонредна состојба на границата со Мексико! Наводно, владата треба да ја преземе контролата врз „катастрофалната ситуација“ со цел да ја сопре „инвазијата“ на имигранти за време на владеењето на Бајден.

Кажа дека државите ширум светот ги празнат своите затвори и ментални институции и ги испраќаат криминалците и ментално болните во САД.

Доналд Трамп, новиот американски претседател, ја започна културната војна во својата земја и отвори нова ера на несигурност во светот. Патот му го истапка подемот на авторитаризмот и популизмот, но и неуспесите и нерешителноста на демократските сили во клучни моменти.

Започна ера, која Трамп ја нарече „златна“ за Америка.

Демократијата, еднаквоста, човековите права, соработката меѓу државите во светот, војната и мирот – од денеска ќе зависат од визиите и дефинициите на Трамп, неговиот тим и милијардерите кои претежно доаѓаат од сферата на високата технологија и комуникациите.

Кога сме веќе кај нив – милијардерите – меѓу сите дамки, лаги, неизвесности и стравови што ги предизвикаа говорите за време на инаугурацијата на Трамп, можеме да завршиме со гестот на Илон Маск од говорницата во Арената Капитол 1, кој застрашувачки потсети на наци поздрав.

Добредојдовте во „златната ера“.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Доналд Трампинаугурација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ