Гест на раката на милијардерот Илон Маск за време на говорот на инаугурацијата на Доналд Трамп предизвика пожар на социјалните мрежи.
Додека се заблагодаруваше на толпата од говорницата во Арената Капитол 1, најбогатиот човек на светот удри со раката во градите, а потоа ја испружи во гест што го шокира светот, бидејќи целосно наликува на нацистички поздрав.
Маск, во одговор на критиките, на својата X платформа напиша дека на неговите противници им се потребни „подобри валкани трикови“.