• Latest

Додека ние чекаме, во Белград се вложуваат 370 милиони евра во електрана за согорување на отпад

October 1, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Додека ние чекаме, во Белград се вложуваат 370 милиони евра во електрана за согорување на отпад

October 1, 2021 11:30
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека македонските официјални власти размислуваат, а дел од јавноста во општините негодува за изградбата на регионалните депонии и современи фабрики за третман на отпадот, во Белград започна инвестициски проект од 370 милиони евра со кој Србија ќе го реши проблемот со најголемиот произведувач на отпад во земјата.

Преку јавно-приватно партнерство со француско-јапонскиот конзорциум „Суез-Иточу“, во моментов во Белград се гради електрана за согорување на комунален отпад, која што треба да се заврши до ноември 2022 година, јавува телевизијата Н1. 

Со реализацијата на овој проект, 10 проценти од целокупната топлинска енергија и 5 проценти од електричната енергија што му е потребна на Белград ќе се добива од согорувањето на комуналниот отпад што го создаваат самите граѓани.

Капиталниот проект за српскиот главен град предвидува и изградба на дополнителна електрана, која депонискиот гас ќе го претвора во електрична енергија.

Инаку, постојната санитарна депонија „Винча“ треба да се затвори до крајот на оваа година, кога ќе треба да профункционира новата санитарна депонија градена по критериумите на ЕУ. Од средината на август, Белград ја доби и новата депонија за градежен отпад, јавува весникот Политика.

Во иднина, дел од планираните 370 милиони евра ќе се искористат и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во белградската депонија. Српската премиерка Ана Брнабиќ при посетата на „Винча“ изјави дека со овој проект се решава најголемиот еколошки проблем на српскиот главен град, кој истовремено бил и еден од најголемите проблеми во Европа.

Србија до крајот на 2020 година успеа да изгради 10 од планираните 26 регионални депонии со кои треба да се одведува и третира отпадот според стандардите на ЕУ. За разлика од северниот сосед, во нашата земја не може никако да започне изградба ниту една современа регионална депонија.

Премиерот Зоран Заев изминатово лето најави отворање на фабрика за преработка на отпадот во близина на Дуброво, Неготино, која предвидува инвестиција од 336 милиони евра од приватна компанија во капацитет кој ќе произведува енергија од отпад. На овој начин би се решил проблемот со третманот на 74 проценти од целокупното количество на отпад што се создава во земјава, а би се набавиле и 100 комунални возила за собирање на смет и 6.000 метални и пластични контејнери, би се изградиле 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници за отпад и би се асфалтирала патна делница од 5 километри до село Дуброво.

„Мета.мк“ минатиов месец побара одговори од скопските градски власти и надлежните во ЈП „Дрисла“ околу идниот развој на најголемата депонија во земјава, но не добивме одговори кога би се инвестирало во постројки за третман на комуналниот отпад.

Извор: Мета.мк./ Фото: Беоинфо, сајт на Град Белград

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ