• Latest
Војо Маневски

Договарање

March 1, 2021

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Договарање

March 1, 2021 07:43
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Балканските земји треба да се научат, дека одлуките треба да ги донесуваат со постојано градење на консензус, околу прашањата кои се значајни за демократското функционирање на државата.

– Лорд Дејвид Овен

Кога ова го објаснуваше лордот Овен, при обидот да ја сопре војната во поранешна Југославија, на многумина им изгледаше како поведение на англиската аристократија, што ќе треба време да се воведе како принцип во судирите на вечно нерационалните балкански народи.

Но, не знаеше нешто англискиот лорд. Кај нас со векови си имаме инсталирано двојна свест. Една за пред светот, а друга за домашна употреба. Како облеката кај нашите предци. Една за секој ден, а друга за пред народ. Онаа за секој ден може да е било каква, а треба да служи за да ни држи топлина и да сме облечени во нешто да не одиме голи, а другата „стојатна“ е таа е за пред светот да покажеме дека и ние имаме убаво руво. Таквата облека се монтира неколку пати годишно и сите сакаат по неа да бидат оценувани.

Така отприлика ние овде на Балканот се справуваме со правилата на Европа. Едно за пред нивните комисии и претставници, а друго за по дома во секојдневниот наш живот.

Кога ни рекоа да се договараме, ние тоа веднаш си го преведовме на нашки и како во вицот за покерот и довербата – кога ни тргна договарањето, па сѐ досега се договараме за сѐ и сешто.

Прво се договоривме дека општествената сопственост не е ефикасен основ за раководење на економијата. И договорот падна, прво да ја подржавиме, а потоа да ја приватизираме. Имаше разни предлози околу моделот на приватизација за кој ќе требаше да се договориме и штетата да биде помала и светлата иднина да биде поблиску. И договорот донесе резултати какви само ние можеме да испорачаме. Од вредност на економијата од девет милијарди долари за три години ја сведовме на шест, а кон крајот на деценијата на само три милијарди долари. Никој како нас не умее да се договара така ефикасно на сопствена штета. Од работници во претпријатијата најголемиот дел од граѓаните стана пролетеријат, ослободен од секаква сопственост врз средствата за работа и од пристојна плата. Убавата иднина се оддалечи, ама добивме елита со богатство за кое ни пред Страшниот суд не може да одговори од каде ѝ е.

Договор мораше да има и за политичките претставници на граѓаните. Од кадрите на демократскиот централизам требаше да се оформат ликови со демократско поведение. Постепено младите од подмладокот на последната комунистичка партија си се распоредија по разни партии со демократски предзнак, користејќи ги разните романтичари што мислеа дека дочекаа да кажат по некоја, колку за шминка на договарањето за демократија и продолжија да се договараат за сопствена сметка. И полека, низ процесот на договарање, наместо демократски претставници на интересите на граѓаните, добивме акционерски друштва што и својот народ и сите граѓани ги држат во договорен однос – вие мене гласови и власт, а јас вам државни вработувања, ситни административни услуги и можност да разговарате со комшиите на висок тон со чувство на носители на власт.

Се договаравме со странците за статути на партиите со демократски процедури и внатрешна демократија, а добивме високо централизирани политички партии со несменливи лидери, кои и ако се сменат се бизнисмени од среден или највисок ранг, дома или во странство. Е тоа е вистинското договарање на наш начин, од политички активист низ процес на договарање да дојдеш до имотен статус, за кој на споменатиот лорд му требале три четири генерации. Па, нели нè советуваше да се договараме!

Судството наше секогаш имало роднокрајни и родовски врски. Но, таквите појави беа многу поретки. Тоа е разбирливо, зашто и судиите од минатиот век беа први во своите семејства што имаа таков статус. Друго е подоцна кога нивните потомци израснаа во семејства на судии и обвинители. Сега ни е чудно што откриваме  роднински договори и спреги меѓу адвокати, судии и обвинители во делењето правда. Компаниите ги презедоа директорите, а нивните синови станаа менаџери на истите, само сега во нивна сопственост. Докторите ги помагаа своите деца да студираат медицина, па специјализација на државен трошок и преку договарања со фармациите и политиката отворија приватни ординации и болници.

Што во тој процес на договарање им преостанува на судиите? Да се договорат нивните наследници да се вклучат во правосудниот систем. Не е убаво само тие да го затворат дуќанот, кога цела чаршија работи на ист начин.

Договарањето на наш начин не смее да ги одмине ниту луѓето што навистина се носители на власт и сила. Сите служби што се занимаваат со безбедност на државата се организам кој често знае сам на себе да си е доволен. Од финансирање на активностите, до учество во сите процеси на работа на органите на државата. Ретко кој член на таа заедница свето делување го задржал исклучително во рамките на законот. Посебно кога се знае дека тоа се високо образовани и обучени личности за секакви затскриени игри и активности. Еден врвен таков кадар чини и многу и поради природата на материјалот на кој има и увид и учество, станува опасен ако не е под контрола. И се пристапува кон договарање.

Затоа се обидов низ објаснување на нашиот начин на поимање на работите да го објаснам и договарањето како основен принцип на функционирање на сите сегменти на општеството. При тоа не мислам на договарањето како ускладување на интересите врз високо морални принципи, туку како затскриен процес на кој се навикнавме како да е неизбежен. А како и на сѐ друго, и во самиот поим договарање си го вградуваме својот менталитет.

И на крајот за поводот за денешнава колумна. Цела недела слушаме за кршење на правните правила и процедури при судскиот процес на поранешниот директор на УБК. Имало ли договарање во тој процес?

И неговото доаѓање на така висока позиција мора да го разгледаме низ тој процес на договарање и наследство на позициите во општеството. Исто како и кај директорите, судиите, лекарите. Оние што ја следат оваа проблематика разбраа за што пишувам.

Ако на врвот на таква служба се доаѓа исклучиво со договарање и ускладување на интересите на многу заинтересирани страни и заминувањето е со исти методи, преку договарање за наследството, континуитетот, резултатите и последиците.

Се сеќавате ли на Штрумфовите што штрумфувајќи, штрумфуваа штрумфувано, а зошто пак ние да не се договараме, договарајќи го договорно договорот – договорено ли е?

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ