поентира: Џевдет Хајредини
На уставните судии треба(ше) да им биде јасно дека, доколку кризата трае многу подолго од два или три месеци, не само пратениците, министрите и директорите, туку и целата државна администрација, заедно и со тие што плата земаат и без да одат на работа, ќе останат и без тие 14.500 денари. Во тој случај нема да им помогне ниедна нивна одлука, колку и да е во согласност со Уставот.