• Latest
16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

Документ за проблемите и решенијата во ВМРО-ДПМНЕ

July 16, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Документ за проблемите и решенијата во ВМРО-ДПМНЕ

July 16, 2017 20:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

Share on FacebookShare on Twitter

На адреса на ЦИВИЛ Медиа тукушто пристигна опсежен документ во кој се говори за вистински и коренити реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Во документот, детално се претставени проблемите и конкретните решенија, според кои, ВМРО-ДПМНЕ треба да се реформира, со цел да стане современа и демократска партиска структура.

Во продолжение, на јавноста ѝ го претставуваме овој реформски документ:

Што означува буквата „Д“ во името на партијата, ВМРО-ДПМНЕ? Секој ќе одговори од прва – ДЕМОКРАТСКА! Да, така е замислена, така треба да биде. Но, дали е така?

Се чини, дека овде „Д“ стои само за украс. Има едно „Д“ во името и, за жал, врската со демократија завршува тука.

Да разгледаме како изгледа „демократијата“ во ВМРО-ДПМНЕ.

Раководството на партијата распишува конкурс за претседател на Општински комитет. Се пријавуваат кандидати кои на почетокот одат на кратко интервју пред комисија. Таа комисија предлага неколкумина кои одат во следна фаза. Во меѓувреме, се прават телефонски анкети, а тие неколкумина одат на завршно интервју кај претседателот на партијата. На крај, тој дава предлог на ИК и ИК го избира претседателот на ОК…

Тоа е официјално, постапката… Кога би бил конкурс за вработување шеф во приватна фирма во која газдата си вработува, оваа постапка би била во ред. Но, во партија која сака да биде демократска…, хмммм…, кој знае!?

Може ли на овој начин да се избере најдобриот партиец, или барем некој од најдобрите, за претседател на ОК? Дали воопшто се бира најдобриот, или целата постапка е една обична фарса  за да се постави најподобниот? Точно така – да се постави, а не избере!

Уште од почеток, најквалитетните кандидати, многу ретко, практично, воопшто не се пријавуваат. Тие знаат дека борбата не е рамноправна и веројатноста за успех е минимална. Едноставно, сакаат да го избегнат бламирањето да бидат отстранети од конкурсот уште на почетокот. Комисијата секогаш е составена од неколку луѓе кои за голем дел од кандидатите не знаат ништо, а ако за некои и знаат по нешто, најчесто имаат некоја погрешна слика. Како од петминутно интервју ќе проценат кандидат? Многу тешко, неможно! Колку е отпорна таа комисија од лобирање, врски, фаворизирање? Не е отпорна, ама ич!

Нејсе, од повеќе пријавени кандидати, по некои (којзнае кои) критериуми комисијата предлага три-четири кандидати за интервју кај „Човекот“ – претседателот на партијата. За нив, божем се прави анкета која реално ништо не може да утврди. „Човекот“ самиот ја донесува конечната одлука, тој го поставува кандидатот а гласањето на ИК е само формалност.

И нај на крај – многу често, не се поставува ниту еден од пријавените кандидати, туку некое сосема петто лице кое воопшто не се пријавило на конкурсот.

И сега, колкава е веројатноста да се избере кандидат кој е критички настроен кон раководството, па макар бил најквалитетниот? Едноставно – нула!

Колкаво е учеството на членовите од некој Општински комитет во изборот на нивниот претседател? Исто така – нула!

Понатаму, така поставените претседатели на ОК го сочинуваат Централниот комитет. Сите тие, до еден, се поставени од претседателот на партијата, што значи дека претседателот има 100% контрола над ЦК. Извршниот комитет, на предлог на претседателот на партијата, е верификуван од тој ЦК, а исто е и за Генералниот секретар. И овде контролата е 100%.

И постапката за избор на кандидатите за градоначалници и правењето на листите на кандидати за пратеници се по истиот терк.

Следно, ЦК, со кој целосно управува претседателот, го определува составот на делегати за Конгресот, а најголем дел од нив се по клуч (читај: подобност). Останатите делегати кои ги избираат општинските комитети, се избираат под контрола на претседателите на ОК, кои се поставени од претседателот на партијата.

Завршно, Конгресот го избира претседателот на партијата и на тој начин се затвора кругот.

Ако претседателите на ОК, Централниот комитет, Извршниот комитет, Генералниот секретар на партијата, пратениците, министрите, директорите, делегатите на Конгресот… Ако сите тие се поставени од претседателот на партијата, тогаш каде овде е демократијата?

Демократијата во својата основна дефиниција значи мнозинството да си изберат свои претставници, кои понатаму ќе ги застапуваат нивите интереси. Да размислиме, кој во ВМРО-ДПМНЕ е избран од членовите? Во ВМРО-ДПМНЕ еден човек бира кој има право него да го бира.

Непосредниот избор на претседателите на МК е само залажување и не значи ништо, бидејќи претседателите на МК немаат никаква моќ, туку само примаат задолженија од повисоките нивоа. Има целосен прекин на демократијата во партијата помеѓу нивото на претседателите на МК и претседателите на ОК. Претседателите на ОК не можат да ги застапуваат интересите на членството, бидејќи ако на било кој начин се спротивстават на раководството, ќе бидат сменети.

Од друга страна, раководството се чувствува потполно комотно и неприкосновено, бидејќи не одговара пред никој. Во партијата не постои корективен елемент и претседателот има апсолутна моќ.

И најчесниот човек во таков случај ќе забега. Тој е опкружен со послушници кои за да ги зачуваат своите позиции, му раскажуваат приказни за големи успеси, за љубовта на сите кон него. Тој самиот си создава перцепција дека е Бог, дека нему се му е дозволено и дека сите кои го критикуваат се предавници.  Изгубена е врската со реалноста и колку повеќе неговата позиција е загрозена, послушниците околу него сè пожестоко го бранат. Поточно, не го бранат него, туку се бранат себеси, бидејќи најголем дел од нив, без него, во демократска процедура, никогаш не би дошле до тие позиции.

Тоа е основната причина за очајната состојба до која е доведена ВМРО-ДПМНЕ. Во овој момент, таа е далеку од модерна демократска партија, каква што претендира да биде.

Затоа, мора да се направат коренити промени, под итно!

Мора да се направи партијата да биде саморегулирачки систем, за во иднина да не може да се повтори ваква ситуација. Авторитетот и интегритетот на секој поединец, од најниско до највисоко ниво, да произлегува од него самиот и од неговите квалитети, а не од позицијата која некој му ја доделил и од која тој не може да биде разрешен заради „лојалноста“ кон тој што го поставил. Секој поединец, преку демократскиот модел на организираност, треба да биде принуден да биде лојален единствено на партијата и на нејзините принципи – чесност, одговорност и посветеност.

Во таа насока е направен овој концепт за демократизација на партијата кој претставува почетен модел за кој може да се поведе отворена дебата. Добро би било да се критикува и секој критичар да даде свои забелешки, идеи и предлози.

Не се претендира ова да биде единствено мислење, на тој начин не би имале демократија, нели?

Членови на ВМРО-ДПМНЕ, браќа и сестри, ајде заедно да ја реформираме партијата!

Сеедно е кој ќе ги спроведе реформите, важно е кого ќе го избереме, ние, членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Важно е конечно да добиеме навистина модерна партија, во која сите ќе се чувствуваме како дел од неа. Партија која ќе биде силна како никогаш досега.

Во продолжение на документот е Концептот за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. Целиот документ може да се преземе ТУКА.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕдемократијареформиФондацијата за демократија на Вестминстер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ