• Latest

Документарецот „Чарлиевите ангели” вечерва премиерно на белградската ТВ Н1

April 2, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Документарецот „Чарлиевите ангели” вечерва премиерно на белградската ТВ Н1

April 2, 2018 16:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели” што вечерва премиерно ќе биде прикажан на белградската ТВ Н1, ја прикажува работата на сите обвинители и на целокупниот тим на Специјалното јавно обвинителство.

– Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на Специјалниот јавен обвинител. Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се наведува во денешното соопштение од СЈО во врска со најавите за телевизиско прикажување на документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели”, објавени од повеќе медиуми.

– Во време на длабока и долготрајна политичка криза, три жени, специјални обвинителки, се појавија како симбол на вистината, правдата и на храброста. Станаа симбол и на шарената револуција. Имаа обврска да исполнат голема задача во краток временски период, се вели во најавата за документарниот филм.

Во филмот „Македонските Чарлиеви ангели“ британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за покревањето обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот што им е даден за да ја исполнат задачата, се наведува во ТВ најавата што се емитува за документарниот филм, како и на интернет порталот на овој водечки телевизиски канал во Србија и регионот.

ТВ Н1 е првата регионална и локална 24 часовна платформа (ТВ, веб и мобилна) за емитување на вести и актуелности за над 20 милиони гледачи на Балканот и со продукциските центри во Белград, Сараево и Загреб, таа е ексклузивен информативен партнер на Си-Ен-Ен.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: документаренпремиераСЈОСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ