„Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира”, напиша на својот твитер-профил Дорис Пак, претседателка на асоцијацијата на жените на ЕПП, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Хелсински.