• Latest

(ДОСИЕ) Изборите во САД: Сенка врз американска демократија (2)

February 1, 2021

Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицскоски – Дерала

June 19, 2025
Фото: Собрание на РСМ

Амбасадорката Дир и се заблагодари на пратеничката Василева за поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресијаа

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

June 19, 2025
Фото: Фејсбук ООУ Кирил Пејчиновиќ

Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews

„Направи ми услуга, Владимир, прво посредувај со Русија“ – Трамп ја отфрли понудата на Путин да поредува помеѓу Израел и Иран

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелска болница директно погодена од иранска ракета, Израел го нападна иранскиот реактор за тешка вода во Арак

June 19, 2025

Замолчувањето на новинарите е чекор кон авторитарно владеење

June 18, 2025

24 ЧАСА: Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицкоски-Дерала; Калас предупреди – треба да почнеме да учиме руски ако не ѝ помогнеме на Украина; Трамп размислува за соработка со Израел во нападите врз Иран

June 18, 2025

Ромите – „непостоечки за државата“ и на испит на матура, од МОН и ДИЦ демантираат

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ДОСИЕ) Изборите во САД: Сенка врз американска демократија (2)

Времето во Америка во иднина ќе се дели на период пред и после четиригодишното владеење на Доналд Трамп... Втор дел од анализата на американските избори.

February 1, 2021 15:35
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АЛЕКСАНДАР Н. ПИСАРЕВ

(ЛИНК ДО ПРВИОТ ДЕЛ)

РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ИЗБОРИТЕ ВО САД
Периодот на четиригодишното владеење на Трамп уште долго ќе биде под опсервација на политичките аналитичари, безбедносните служби и психолозите, затоа што феноменот на Трамп нема јасна идеолошка матрица, но според случувањата во Капитол има јасни теркови и „спонзори“ според кои се движело неговото владеење.

Изборната победа на Трамп во сега веќе далечната 2016 година како и целото време на неговото владеење, ја прати сенката на Руското влијание, вклучително и настаните во Капитол на 6 јануари. Присуство на руски разузнавачи во Капитол за време на дивеење на разјарената маса на приврзаниците на Трамп не е потврдено како што тоа беше случај со српскиот разузнавач од тајната служба БИА (Безбедносно информативна агенција на Србија) Горан Живаљевиќ, во зградата на македонското Собрание за време на настаните од 27-ми април 2017 година. Дали тоа значи дека тие таму не беа присутни, или беа подобро скриени, беа попаметни па излегоа на време низ помошен излез или имале свој „тројански коњ“ кој го пуштиле внатре со сите ризици да биде откриен.

За разлика од Живаљевиќ кој на на 27-ми април влегол во парламентот по 20 часот и се фотографирал во пленарната сала, каде беа приврзаниците на Никола Груевски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Баќушките, ако случајно биле таму, сепак не сакале да бидат толку транспарентни.

Руското МНР изминативе месеци, невообичаено за неговата пракса во претходните години, реагираше со серија изјави и соопштенија во однос на наводната вмешаност во изборите во Америка категорички демантирајќи ги таквите инсинуации.

меѓутоа ако малку хронолошки се вратиме наназад, уште Шефот на изборната кампања на Хилари Клинтон, Џон Подеста, ги обвини руските тајни служби дека стојат зад хакерскиот напад врз неговото имејл-конто. Американската сојузна полиција поведе истрага за случајот. Според него, Русија на тој начин се обидувала да изврши влијание во полза на Доналд Трамп. Подеста обвини и дека изборниот штаб на Трамп е однапред информиран од страна на Викиликс за публикувањето на хакираните имејлови. И Обама ја обвини руската влада дека се обидува да изврши влијание врз политичките одлуки во САД со сајбер-напади.

Во Изборната кампања на Трамп, во 2016 година Платформата Викиликс објави голем број мејлови на Подеста, кој е шеф на изборниот штаб на демократската кандидатка за претседател Хилари Клинтон. Платформата го добила материјалот од руските хакери. Подеста смета дека она што го објави Викиликс би требало да биде „противмерка во обид да се сврти вниманието на јавноста од гнасните работи на Трамп

ПОДДРШКА НА ДЕСНО-ПОПУЛИСТИЧКИТЕ АНТИЕВРОПСКИ ГРУПИ

Тајните служби на САД и на Франција изнесоа бројни обвиненија за руско вмешување во предизборните борби и во овие земји. Тајните служби имаат информации за руска поддршка првенствено на десно-популистичките, антиевропски групи во ЕУ-членките.

На почетокот на кампања, американската обавештајна служба предупреди дека  Русија се подготвува  да му помогне на Доналд Трамп да биде реизбран на изборите  во ноември минатата година. На состанокот зад затворени врати референтните луѓе од разузнавачките служби им пренеле на медиумите информација дека Трамп е информиран за сознанијата кои ги имаат околу руското мешање во изборниот процес, по што Трамп збеснал сметајќи дека ваквите информации демократите ќе ги искористат против него. На тој состанок присуствувал демократот Адам Шиф кој го водел процесот  на импичмент против Трамп. Тој тогаш на неговиот Твитер налог напишал дека очекува Конгресот да биде информиран за било какво странско влијание на претседателските избори во САД.

Дека постоеле сериозни индиции за руското мешање потврдува и податокот дека во декември месец 2019 година, државниот секретар Мајк Помпео го информирал министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров дека странско мешање  во американските избори е неприфатливо и дека администрацијата ќе работи да го заштити интегритетот на изборите.

Сè упатува на тоа дека Викиликс има одиграно клучна улога во руските разузнавачки активности кои беа насочени кон тоа да влијаат на конечниот резултат на изборите 2016 година и победата на Трамп. Овие тврдења се содржани и во петтото поглавје на финалниот  извештај на сенатскиот одбор за разузнавачки прашања кои се засновани на три и пол годишната истрага за руската вмешаност во Трамповата победа во 2016 година над претседателската кандидатка Хилари Клинтон. Во тој извештај се спомнува и шефот на Трамповиот изборен штаб Паул Манафор, како личност која соработувала со Русите, меѓу кои и со рускиот олигарх Олег Дерипаска и тоа пред и после американските претседателски избори во 2016 година.

На седницата на одборот е заклучено дека Менифоровата функција и неговата блискост со Доналд Трамп биле многу привлечни за руските разузнавачки служби и дека тоа била голема закана за САД. Како што е познато бившиот шеф на изборниот штаб на Трамп Манифор е осуден на вкупно седум години затвор поради заговор и финансиски малверзации.

Како што објави Гласот на Америка, шефот на американската разузнавачка служба ги предупредил гласачите во пресрет на ноемвриските избори, да бидат многу внимателни и претпазливи околу странското мешање во изборите и да ги проверуваат сите информации кои им доаѓаат преку интернет и социјалните мрежи и да ја пријават секоја сомнителна активност.

Во своето соопштение до гласачите, тој вели дека во стоте дена во пресрет на гласањето од исклучителна важност е неговата служба да ги сподели со гласачите информациите за можното мешање на странскиот фактор, за што веќе биле информирани челниците на кампањите и членовите на Конгресот. Во предупредувањето се вели:

„Американската јавност има своја исклучителна улога во поглед на безбедноста на изборите, посебно кога станува збор за странското мешање. Затоа ги охрабруваме Американците критички да ги преиспитуваат сите информации, да ги проверуваат изворите пред да ја поделат пораката, да го стават своето сајбер искуство во функција на јакнење на медиумската писменост и да пријават кај властите секоја сомнителна активност поврзана со изборите“.

Американските разузнавачки служби уште во јануари 2017 година утврдиле дека Русија се има вмешано во американските избори 2016 година со цел, меѓу другото, да му помогнат на Доналд Трамп, предупредувајќи дека странски фактори се обидуваат да ги компромитираат американските избори, политичките кампањи и кандидати и така да ја загрозат изборната инфраструктура.

Уште не е до крај јасно која била точно причината за загриженост меѓу демократите во очи гласањето, но постоел страв да не се повтори руското влијание и мешање во изборниот процес како во 2016 година кога беа откриени и потврдени хакерските  напади на руските војни разузнавачи во мејловите на Демократската партија, а потоа Викиликс ги има објавено.

Тоа пред сè го прават за да остварат влијание на американските гласачи преку новите и традиционалните медиуми поттикнувајќи ги протестите преку ширење дезинформации.

Пред да биде официјално инаугуриран за претседател, како кандидат на Демократите, Бајден изјави дека „однапред ја предупредува“ Русија и другите странски влади дека, ако биде избран за претседател на САД, ќе ги преземе сите агресивни мерки за да спречи било какво мешање во американските избори. И дека секое странско мешање ќе го смета како непријателски чин кој ги нарушува односите на Соединетите држави и владите на земјите кои се мешаат во изборите во САД.

Бајден го критикуваше Доналд Трамп што не реагирал адекватно на процената на американските разузнавачки служби дека Русија била вмешана во претседателските избори во 2016 година.

Исто така, Бајден сподели со јавноста и дека почнал да добива извештаи и предупредувања од разузнавачките агенции дека Русија, Кина и другите противници на САД се обидуваат да ги поткопаат претседателските избори. Бајден не приложи докази за овие тврдења, но наведе дека Русија и после 2016 година е и понатаму ангажирана, а дека Кина е исто така вмешана во напорите да се поттикне недовербата во американскиот изборен процес. И дека е тоа кршење на американскиот суверенитет.

(продолжува)

 


Извадоци од ПРВИОТ ДЕЛ:

Ни еден американски претседател не можел толку да ја извалка, да ја наруши и да фрли сенка на американската демократија и на настаните кои се јадро на изборната традиција во САД,  како што тоа го направи бившиот американски претседател Доналд Трамп. Не е далеку од вистината дека времето во Америка во иднина ќе се дели на период пред и после четиригодишното владеење на Доналд Трамп.

Настаните во Капитол го ставија под рефлектор и феноменот КјуАнон, бидејќи симболите и иконографијата за време на вандализмот врз Капитол беа очигледно инспирирани токму од приврзаниците на оваа ултрадесничарска теорија.

Што е всушност КјуАнон, што претставува, од каде потекнува и како се шири низ светот? (кликнете на ЛИНКОТ за да го прочитате ПРВИОТ ДЕЛ)


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    511 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ