• Latest

ДОСИЕ: Македонско-бугарски односи под рефлектор (2)

February 18, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ДОСИЕ: Македонско-бугарски односи под рефлектор (2)

Во второто продолжение од ова досие за македонско-бугарските односи, прочитајте за фашистичкото и антифашистичкото минато на овие простори, за аргументите на политичките и интелектуалните елити и други аспекти на оваа жешка балканска тема.

February 18, 2021 08:00
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР Н. ПИСАРЕВ

линк до првиот дел

ФАШИСТИ И АНТИФАШИСТИ
Околу Бугарската улога во Втора светска војна и Тројниот пакт, Петар Колев од ГДУ изјавува дека нема ништо спорно дека Бугарија била дел од фашистичката осовина, но не биле сите приврзаници на цар Борис, туку и во Бугарија имало партизанско и антифашистичко движење.

„Тоа не го спори ни премиерот на Македонија Зоран Заев во своето интервју и кога се зборува за прашањето на окупацијата на Македонија треба да се отвори и прашањето на каков начин и со кои кадри Бугарија ја извршила таа окупација или поставување на администрацијата. Тој период може да го нарече кој како сака, но не треба да бегаме од фактите дека голем број на градоначалници во време на бугарската администрација биле тукашни граѓани од самата Македонија и тоа на клучни позиции. Не треба да се заборава дека во тој момент Бугарија е монархија и од тој аспект треба да се посматра и инцидентот, односно трагедијата во Ваташа. Тие момчиња се убиени затоа што биле дел од комунистичко, антифашистичко движење во Македонија, убиени се на идеолошка, а не по етничка основа затоа што биле Македонци, а стрелањето го извршила бугарска армија која во тој момент била под команда на офицер Македонец од Крива Паланка. Ова е многу важно, затоа што истиот човек е осуден во 1946 година на смртна казна во Бугарија и предаден е на  југословенските власти и стрелан“ – открива Колев.

Понатаму, тој констатира дека никој во Македонија за тоа не зборува, никој не зборува дека Бугарија го осудила тој настан и го прогласила за воено злосторство.

„Оттаму, непримерно е денес за потомците на тие војници да користиме наративи дека се фашисти. Непримерно е денес во 21 век да се користат наративи од 19 и почеток на 20 век. И тука го поддржуваме премиерот Заев, бидејќи битката во Втора светска војна меѓу Македонија и Бугарија не била на етничка, туку на идеолошка основа. Точно е дека во Македонија има антифашистичко движење во кое Македонија се борела против Бугарија, но има и Македонци кои што биле официјална бугарска власт. Денешниот претседател на МАНУ професор Коцарев е роднина на кметот на Охрид Коцарев во период од 1941 до 1944 година за време на бугарската администрација.  Проблемот е во наративот со кој во 21 век, во 2021 година се прикажува историјата“ вели Колев.

Направивме интервју и со д-р Владан Јовановиќ, научен соработник во Институт за поновата историја на Србија во Белград. Тој се осврнува на неколку аспекти на македонско бугарските односи. За него не е спорно дека бугарската војска, која „администрирала “ во Македонија во периодот од 1941 до 1944 година, била окупаторска. Од повеќе причини. Тој потсетува дека: „Пред озаконување на мерките за реторзија во февруари 1943 година, кои важеле и во случај на убиство на германските и бугарските војници и офицери и на територија на Србија, бугарската војска од одмазда палела и ограбувала цели села, раселувала, интернирала и стрелала цивили и заробеници во кумановски, кривопаланечки, скопски, велешки прилепски и тиквешки регион“.

ОКУПАЦИЈА, ОСЛОБОДУВАЊЕ И ФАЛСИФИКАТ… НА БУГАРСКИ НАЧИН

Д-р Јовановиќ ни го илустрира времето на бугарската окупација и со податоците добиени од судењето на Асен Богданов, шефот на скопската полиција, кога се опишани бруталните методи со кои бугарската војска се пресметувала со локалното население. Тој воедно потсетува и на бугарското учество во Холокаустот.

Депортација на македонските Евреи во март 1943 година. На фотографијата: Бугарските полицајци ја контролираат депортацијата во окупирано Скопје. Цитат од изворот: This image provided by the US Holocaust Memorial Museum shows Bulgarian policemen overseeing the deportation of Macedonian Jews to the German death camps in March 1943 in Bulgarian occupied Skopje. (AP Photo/U.S. Holocaust Memorial Museum, Courtesy of Jewish Historical Museum, Belgrade)

„До командантот на бугарската Петта армија и до кметовите во Скопје и Битола пристигнувале наредби од фашистичката администрација во Софија, заробените партизани да ги ликвидираат на јавни места за да се застраши локалното население. Треба да се потсети дека бугарските „Администратори“ учествувале и во Холокаустот на просторот на Македонија. По спогодбата на бугарската влада со германскиот ополномоштен министер во Софија во март 1943 година, уапсени се преку 7.000 Евреи од македонските градови кои се префрлени во скопскиот собирен логор и потоа префрлени во логорот Треблинка каде скоро сите настрадале. Бугарската полиција го обезбедувала нивниот транспорт до Полска така што е непримерно нивното присуство да се  окарактеризира само како просто администрирање“ објаснува д-р Јовановиќ.

Така, спорниот термин „окупација“ не е одомаќен (општоприфатен) само во западна историографија, туку е одамна составен дел на конвенционалната наука, вклучително и  (пост)социјалистичка историографија, така што и мислењето на професорката  Љубица Спасовска, научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија која е членка на Комисијата е сосема разбирливо и прифатливо дека терминот окупација треба да биде сосема прифатлив и за западната историографија.

Д-р Јовановиќ понатаму тврди дека бугарските изјави дека Скопје е ослободено со здружени дејствија на „бугарска и македонска војска“ може да се нарече фалсификат инспириран од бугарската историографија од педесеттите години на минатиот век.

„Во Македонија постоеја одреди и баталјони на НОВ кои учествувале од пролет 1944 година во борби за конечно ослободување, а кои делувале дури и на подрачјето на Србија и користени се во акциите во Србија. Под налетите на Црвената армија владата во Софија кон крајот на август се прогласи за неутрална, а после септемврискиот преврат во Софија 1944 година, новата бугарска власт ѝ нареди на Петтата армија да ги нападне довчерашните сојузници Германци. Така што, реално гледајќи, освен што ја премолчува окупацијата на Македонија, бугарската комунистичка историографија ја глорифицира улогата на  Бугарската народна армија во завршните операции за ослободување на Југославија, а го потценува  учеството на НОВЈ, сè на сè, за Бугарија би можело да се каже дека само осум месеци била дел од антифашистичкиот фронт. Пред тоа, исполнувајќи ги „заветните соништа  на бугарскиот народ“ на територија на Македонија беа распоредени 40.000 бугарски војници, жандарми и полицајци, а сè до 9 септември 1944 година и формирање на влада на Отечествениот фронт во Софија, Бугарија имала 22 дивизиии во состав на  силите на Оската од кои 12 имаа „окупациски задачи“ така што терминот окупација е повеќе од исправен. Сметам дека Македонија веќе има направено и премногу отстапки и дека заслужува конкретна поддршка на ЕУ“ – вели Јовановиќ.

Екатерина Захариева

НЕЗНАЕЊЕ

Бугарската министерка за  надворешни работи Катерина Захариева, неодамна демонстрираше големо незнаење непримерно за функцијата која ја обавува. Таа изјави дека во Македонија би требало да се отвори бугарски културен центар. На оваа изјава уште се прават вицеви и се обвинува дека шири лажни вести бидејќи во Македонија од 2005 година постои Бугарски културен центар кој на 10 март 2005 година заеднички го отворија македонскиот претседател Бранко Црвенковски и бугарскиот претседател Ѓорѓи Прванов.

РАЈМОНД ДЕТРЕЗ: АРГУМЕНТИТЕ НА БУГАРИЈА СЕ БЕСМИСЛЕНИ

Професор Рајмонд Детрез е балканолог, директор на Центарот за југоисточно европски истражувања на Универзитетот во Гент, Белгија. Во емисијата на бугарски јазик на Дојче веле тој вели дека нема ништо спорно бугарската окупација на Македонија да се нарекува фашистичка.

„Не разбирам зошто е непријателски да се зборува за фашистички окупатор, бидејќи военото присуство во странска земја за време на војна се нарекува окупација насекаде, а самите Бугари до неодамна го нарекуваа – а некои сè уште го нарекуваат бугарскиот режим во тоа време – (монархо) фашистички“.

Неговата изјава предизвика бурни реакции во Бугарија, и со ставот дека изградбата на македонската нација во ништо не се разликува од другите, вклучително и бугарската. Аргументот дека македонскиот јазик е „вештачки“ е бесмислен, вели во интервју за ДВ белгискиот историчар Рејмонд Детрез.

Маргиналиа.бг е независен медиум од Софија, кој се бави со заштита на човековите права и развојот на новинарството. Овој и минатиот месец организираа онлајн дебата со 24 гости од Република Северна Македонија, Велика Британија, Белгија и бугарски историчари, универзитетски професори, на тема македонско бугарски односи во светлото на ветото кое Бугарија го постави за почетокот на преговорите со ЕУ.

На нивниот портал се објавени најпровокативните тези од кои пренесуваме само еден дел од богатата содржина која можете да ја видите овде.

За Бугарите, како што и самите го оценуваат, најпровокативно беше излагањето на професорот Рејмонд Детрез. Тој вели: „Не постојат документи кои Македонците ги навестуваат како посебна нација пред шеесеттите години на 19 век. До тогаш, словенското население на територија на Македонија се самоименувало како Бугари, или другите ги нарекуваа Бугари, па се претпоставува дека се Бугари. Меѓутоа постојат две резерви. Во Европа, а да не зборуваме за светот, постојат многу народи чии називи не се спомнуваат во старите документи, но не им се ускратува правото на постоење“.

„Македонците тешко прифаќаат факти дека до шеесеттите години на деветнаесеттиот век немаше ни трага од македонската национална свест и дека до денес многу Македонци, под наводници, се сметаат за Бугари. Бугарите тешко можат да прифатат дека покрај Бугарите по убедување од шеесеттите години на 19 век наваму, постојат и луѓе, граѓани со  македонска самосвест и дека тие се дел од историјата на актуелната македонска нација.

Иронијата е во тоа што и бугарските и македонските историчари тргнуваат од иста застарена примордијална концепција на нацијата. За некои, ако денес постојат Македонци, значи Македонци имало од памтивек, за другите, бидејќи во минатото биле Бугари, и сега не можат да бидат ништо друго освен Бугари. Тие генерално ја негираат динамичната природа на етничката или национална свест. Според меѓународното право, секоја независна држава самостојно одлучува како ќе се вика, кој е нејзиниот национален идентитет, како се нарекува нејзиниот јазик, и каков наратив гради за сопственото национално минато. И не е должна за овие прашања да разговара со другите земји или држави. Гледано од овој агол, нема ни потреба за дијалог помеѓу Софија и Скопје.

Меѓутоа, внатре во ЕУ, работите стојат различно. Новите членови можат да бидат прифатени само доколку сите членови кои се внатре, консензуално ги прифатат новите. Ова правило е подвижник на многу спорови бидејќи државата која е веќе членка на ЕУ е во поволна позиција да приговара што остава многу лош впечаток. Замислете во каков кошмар би се нашла Бугарија да бившата СФРЈ или Македонија станале членки на ЕУ пред неа и да барале од Софија да признае не само македонски јазик, туку и национално малцинство на Македонците и од учебниците по историја да исфрли термин бугарски земји, бидејќи ја вклучуваат и Македонија“.

Интересно е и излагањето на д-р Ана Чупеска, вонреден професор на Институтот за политички науки, раководител на Катедрата за политичка теорија на Правен факултет во Скопје која беше учесник на истата дебата која ја организираше Маргиналиа.бг. „Нема губитници и победници во дијалогот Софија-Скопје. Може да има само дебата што ќе ги приближи земјите и ќе ја зајакне нивната доверба“.

„Прво, за мене беше особено индикативна драстичната парадигматска промена на политиката на Бугарија кон Северна Македонија – од земја што прво ја призна нашата држава и беше голем поддржувач на проширувањето на ЕУ и прием на Македонија, а сега се претвори во најголем блокатор и кочничар. Тоа е да се каже, барем – чудно. Сè уште не е целосно јасно како и зошто се случило тоа. Имено, преминот од Договорот за пријателство – каде точно пријателството е експлицитно споменато 3 до 4 пати (и во преамбулата и во наредбите), потоа да се вклучи парламентарна Декларација, која всушност го запира Договорот. Во Бугарија, еден исклучок е поврзан само со мала група интелектуалци. Тие имаа различни мислења но сепак сè уште се маргинализирани и се спротивставуваат на главната позиција. Во оваа смисла, навистина сум тажна што немаме можност да чуеме какво било различно гледиште за ова прашање (од официјалните политички фактори во Бугарија). Напротив, имавме само шанса да бидеме разочарани од ветото, уште повеќе и од нашите меѓународни сојузници. На крајот на краиштата, блокадата на Бугарија за почеток на преговорите за Северна Македонија недвосмислено ги зголемува регионалните, па дури и европските безбедносни ризици во однос на пенетрацијата и интензивирањето на антизападните и непријателските елементи во регионот и во Европа“ – вели Чупевска за Маргиналиа.бг и нагласува дека „не постои Договор за пријателство што може 100% да го гарантира самото пријателство според неговото ратификување“.

„Ниту постои Декларација што целосно би ги уништила веќе воспоставените добри односи меѓу два соседни и пријателски народи. Во оваа смисла, за да се вратат македонско-бугарските односи на патот на доверба и пријателство, потребни се неколку општи услови: прво, политичките учесници мора да консолидираат заедничка визија и заеднички концепт на светот во кој тие постојат, т.е. за меѓународниот поредок во кој работат (со оглед на ветото – ова сè уште изгледа предизвик – особено во контекст на разбирање на безбедносните ризици)“ – заклучува Чупевска.

Има голем број на бугарски интелектуалци кои „бугарското вето „ во ЕУ го толкуваат како  обид на искомплексирани поединци од политичкиот врв на државата да предизвикаат нетрпеливост меѓу Бугарите и Македонците. Димитар Бечев, на пример, потсетува дека  ставот на бугарските политичари дека македонската нација е „вештачка нација“ објаснува дека е тоа беспредметно бидејќи во суштина сите нации се вештачки, вклучително и бугарската, но дека на бугарските политичари им е лесно да ја блокираат Македонија, бидејќи земјата е во поповолна позиција.

Професор Љубомир Фрчковски, ректор на Американскиот универзитет во Скопје постави на истата трибина прашање, зошто овој спор ја повредува Македонија. Затоа што уште сме во фаза на поставување барања. Овој контекст на барања е важен, затоа што Македонија ја става во сендвич Србија-Грција, за да линијата исток – запад, север – југ, биде избалансирана.

„Како идентитетски спор ова нас нè заморува и решавањето на тие спорови е тешко и за нас опасно. Бугарските барања напаѓаат две точки, историја и јазик и идентитет. Идентитет од 1944 година може да се признае, а пред тоа не може, а историја после 1944 година може да се признае, а пред тоа не може. Бугарија ја користи позицијата како членка на ЕУ да ги испорачува овие барања, иако мислам дека меѓународниот контекст за Македонија е поволен бидејќи има силен меѓународен притисок проблемот да се реши. Не само на домашна политичка сцена во Скопје и Софија, туку и пошироко. И не само во Европа, САД и новата администрација, ако се сумира нивниот поглед на проблемот може да се собере во една реченица: Доста ја малтретирате Македонија!“.

 


ЛИНК до првиот дел


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ