• Latest

ДОСИЕ: Македонско-бугарски односи под рефлектор (1)

February 15, 2021

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

ДОСИЕ: Македонско-бугарски односи под рефлектор (1)

Односите помеѓу Македонија и Бугарија се под рефлектор. Не само на домашната политичка сцена  во Скопје и Софија, туку и пошироко во регионот и Европа и не само Европа, САД и новата администрација на Џозеф Бајден, ако се сумира нивниот поглед на проблемот, може да се смести во една реченица: ,,Доста ја малтретирате Македонија!“.

February 15, 2021 09:33
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР Н. ПИСАРЕВ

По контроверзниот меморандум, Бугарија пред крајот на минатата година ги информираше членките на ЕУ дека, практично, не го признава македонскиот јазик и нација и македонското малцинство на своја територија, со што практично се блокираше работата на Комисијата за историски и образовни прашања, а рампата за почеток на преговорите за членството на Република Северна Македонија во ЕУ остана спуштена.  Она што посебно ја отежнува работата е и негирање на македонскиот идентитет внатре во самата Комисија. Некои бугарски членови порачуваат дека втората страна (македонска) треба да ја прифати „реалноста“ и „историската вистина“ дека – Македонците и македонскиот јазик се со бугарско потекло.

По ова тргна бранот на ширење омраза на двете страни и на македонската и на бугарската. Во Охрид, некои неранимајковци ја уништија спомен плочата на трагично загинатите 15 бугарски туристи во бродската несреќа која се случи 2009 година. На тоа Бугарија остро реагираше, а градоначалникот на Охрид веднаш постави нова спомен плоча.

Односите помеѓу Македонија и Бугарија се под рефлектор. Не само на домашната политичка сцена  во Скопје и Софија, туку и пошироко во регионот и Европа и не само Европа, САД и новата администрација на Џозеф Бајден, ако се сумира нивниот поглед на проблемот, може да се смести во една реченица: ,,Доста ја малтретирате Македонија!“.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, даде интервју за бугарската агенција „БГ Нес“, кое и овдешната и тамошната јавност го оценија како обид да се одоброволи Бугарија и да попушти во однос на почетокот на преговорите со ЕУ.

Дали тоа ќе се случи пред или после најавените парламентарни избори во Бугарија во овој момент е тешко да се процени.

На сцена се сега историчари, аналитичари, политичари, новинари и обичните граѓани кои „фрлат клетви“ едни на други преку социјалните мрежи.

Овој мозаик на мислења и идеи ќе го дополниме со неколку интервјуа и изјави добиени специјално за ЦИВИЛ МЕДИА, а некои ќе ги преземеме од регионални и светски трибини и медиуми кои се занимаваат со ова прашање и фрлаат светло на спорните бугарски и македонски ставови.

ПРОБЛЕМИ ПИКНАТИ „ПОД ТЕПИХ“

Петар Колев, Македонец кој живее во Бугарија и е претседател на Граѓанско демократска унија со седиште во Софија, опозициска вонпарламентарна партија, вели дека реално гледа на состојбата и дека сака што побргу да се реши проблемот.

Осврнувајќи се на интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата  БГ Нес во подолг телефонски разговор на оваа тема, тој вели дека е несфатливо Македонија која од осамостојувањето се определила за членство во НАТО и ЕУ, и првата цел ја остварила во минатата година, сега, после триесет години ги отвора прашањата кои требале да се отворат и да се расчистат веднаш, на почетокот на патот кон евроатланските интеграции.

Петар Колев, Граѓанско демократска унија

„Овие прашања со децении се пикани под тепих и нивното отворање сега создава внатрешни проблеми. За мене е несфатливо покрај толку академици, професори историчари,  Институт за национална историја, МАНУ… кои што уште во рамките на СФРЈ направиле прекрасни академски кариери, во своите научни трудови, ни тогаш ни сега неги отвориле и детектирале. Ниту еден од нив не собрал храброст да отвори некои историски прашања, вклучително и периодот на Илинден, периодот помеѓу двете светски војни, вклучувајќи ја и Втората светска војна, туку тоа сега му го препуштиле на премерот Заев. Тажно е што сите тие интелектуалци сега се покажаа како многу исплашен дел на  македонското општество и дозволија овие теми за кои тие се компетентни да ги отворат политичарите наместо научната јавност и историчарите. И затоа треба на премиерот да му се честита на храброста. Со еден збор, за мене не е нормално политичарите да се бават со историски прашања“ – вели Колев.

„Реакциите на граѓаните во потполност ги разбирам, бидејќи обичниот граѓанин не е должен и не го интересира да оди по архивите, музеите, институтите и да се интересира за историските прашања, тој како даночен обврзник ги плаќа МАНУ, Институт за национална историја, историски факултет, професори, научници… тие земаат плата од неговите даноци и тие се должни да ја вршат таа работа. Затоа не е ништо страшно кога обичниот човек се бунтува, емотивно реагира. Затоа, интервјуто на премиерот Заев може да се оцени како добар дипломатски потег кој заслужува поддршка и почит бидејќи успеа да отвори дебата и да создаде простор за размислување и меѓу оние структури и во Македонија и во Бугарија кои не се на власт“ – заклучува Колев.

Ако на подолг рок се затворат вратите на ЕУ за Македонија и пошироко за Балканот, би се дал огромен историски бонус на оние сили кои иднината на регионот ја замислуваат во орбитата на Белград, Москва и Пекинг.

ОРБИТА БЕЛГРАД-МОСКВА-ПЕКИНГ

Мозаикот на политички партии кои ќе учествуват на изборите во април во Бугарија е шаренолик, такви се и нивните ставови во однос на таканареченото Македонско прашање.

Колев смета дека во Македонија постојат илузии, кои се резултат на затвореноста кон информации од Бугарија, дека после изборите во Бугарија нешто ќе се промени.

„Јас би сакал да бидам искрен кон македонските граѓани и да ја споделам атмосферата дека во Бугарија, за разлика од Македонија, постои  полн консензус по ова прашање од сите политички партии и многу тешко би можело да се случи некаков потег во однос на промена на оваа позиција. Многу е тешко изводливо после изборите Бугарија да ја смени својата позиција кон Македонија“ – оценува Колев.

Тој вели дека, иако изгледа како невозможна мисија, компромис е попрво возможен и реален со оваа политичка гарнитура во Софија отколку ако дојде новата гарнитура на власт олицетворена во Обединетите патриоти и ГЕРБ или Бугарска социјалистичка партија и „шоуменот“ Славе Трифунов, кој има уште порадикални позиции на тема Македонија. Бугарската социјалистичка партија има хипотека од минатото и таа носи тежина, бреме од периодот 1946 -1950 година. Затоа, би било најдобро, проблемот да се реши пред изборите во Бугарија. Бидејќи, кога македонското прашање ќе стане дел од предизборната реторика во кампањата, а таквата реторика сигурно ќе има, и кога некоја политичка партија ќе ги бетонира своите ставови во предизборната реторика, тогаш е тешко, навистина тешко да го смени и да прави компромис кога ќе освои власт.

Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева, смета спротивно и гледа само еден начин да се придвижи спорот меѓу Скопје и Софија, а тоа е да има промена во владејачката коалиција во Бугарија. Во изјавата за бугарскиот весник „Дневник“ таа оценува дека актуелната бугарска влада нема ни желба ни намера да стори нешто до март, така што за решение може да се зборува дури кон средината на 2021 година.

Опозиционерот Славе Трифонов неодамна излезе со предлог кон Македонците кои подоцна ги нарече, Северномакедонци, Македонија да ги признае историските бугарски корени, а тие да ја признаат сегашноста – постоење на македонскиот јазик и нацијата.

„Ова е најдобриот предлог кој може да го добијат“ смета Трифунов, кој нагласува дека ако земјава не се соочи со историските бугарски корени ќе остане надвор од Европската унија.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија, во секој случај треба да се почека да завршат изборите, оти, како што вели, предизборниот период е секогаш проблематичен за барање решенија.

Исходот од изборите е непредвидлив, непредвидливоста се однесува на тоа кои ќе бидат коалиционите партнери. Според досегашните испитувања на јавното мислење најверојатно ќе биде ГЕРБ. Ако Славе Трифунов влезе во владата, тоа значително ќе ја отежни шансата за пронаоѓање на заедничкото решение, бидејќи неговите ставови се идентични со оние на Каракачанов.

Според испитувањата на јавното мислење, ДПС не ја поддржува сегашната позиција на бугарската влада и сметаат дека Бугарија не требаше да го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, и дека  Договорот за пријателство од 2017 година не треба да се изедначува со Договорот од Преспа.

Партијата Демократска Бугарија има поумерен став и се доближува до ДПС со тоа што смета дека не смеат да се потценуваат прашањата од минатото, но не треба да се биде и премногу радикален бидејќи, ако на подолг рок се затворат вратите на ЕУ за Македонија и пошироко за Балканот, би се дал огромен историски бонус на оние сили кои иднината на регионот ја замислуваат во орбитата на Белград, Москва и Пекинг.

Во последните децении на 19 век, Русија и Големите сили се обидуваат да инсталираат свои сфери на влијание на Балкан. Тој процес не е сопрен откако повторно гледаме дека Големите сили започнаа многу интензивно да се занимаваат со Балканот смета професорот Рајмонд Детрез, балканолог, директор на Центарот за југоисточно европски истражувања на Универзитетот Гент, Белгија.

Владимир Владимиров експерт за балкански прашања и координатор за јавни комуникации и јавни работи на партијата „Републиканците за Бугарија“ предупредува дека новата администртација на САД ќе го постави и прашањето за бугарската блокада и вето на приклучувањето на Скопје во ЕУ пред се поради зајакнувањето на источното и Јужното крило на НАТО и ЕУ и ќе има многу „дипломатски разговори“ дали стратешките интереси на регионот треба да бидат заложници на домашните политички игри и дали Красимир Каракачанов ќе успее да влезе во следниот Парламент.

(продолжува)

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ