Демократската партија на Албанците (ДПА) на прес-конференција го претстави Сади Беџети за кандидат за градоначалник на Тетово. Беџети беше градоначалник на Тетово од 2009 до 2013, исто така како кандидат на ДПА, па загуби од Теута Арифи.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи смета дека има простор Сади Беџети да добие поддршка од сите партии освен од ДУИ.
– Најголем град на Албанците не функционира ништо од култура па до паркинзи. Организиран криминал и овие градби не овозможуваат да имаме странски инвестиции. Беџети рече дека бил градоначалник, го знае градот, секое маало, ќе инсистира уште еднаш да се врати да се подобри начинот на живот во Тетово. Кандидатот не е против никого туку за сите. Планот е да имаме поддршка од сите политички партии. Оваа е можеби единствената прес-конференција што ќе ја одржи заедно со ДПА. Од сите освен ДУИ, па мислам дека и Алијанса нема да има појак кандидат. Овој кандидат не е само на ДПА туку на граѓаните. Еднаш засекогаш градоначалниците да бидат добри менаџери, а не луѓе со партиски набој. Ќе инвестираме во самостојна кампања на Беџети, затоа што е човек што ги знае работите, изјави Тачи.