• Latest

Дерала: Екстремизмот ја злоупотребува слободата на говор

April 12, 2018
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница на Левица (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дерала: Екстремизмот ја злоупотребува слободата на говор

April 12, 2018 10:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓанската повелба на некој начин се надоврзува на напорите што беа втемелени  во Универзалната декларација за човекови права донесена во 1948 година. Овој документ уште еднаш ги афирмира и им дава гласност на потребите за борба за човековите права и слободи во секој момент, на секоја точка од светот“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, на неодамнешната конференцијата „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“, презентирајќи ги десетте точки, барања, од Граѓанската повелба. 

Првата точка од граѓанската повелба се однесува на слободата на изразувањето, а тоа подразбира, како што истакна Дерала, дека таа е просторот каде говорот на омраза, фашизмот, неонацизмот, екстремизмот, радикализмот наоѓаат прибежиште користејќи ги правата и слободите во контекст на слободата на изразување.

Што се однесува до слободата на информацијата и слободата на собирање, Дерала преку конкретни примери ја илустрираше голготата низ која поминаа граѓанките и граѓаните во Македонија во период од 12 години.

„Граѓанската повелба бара ефективно, вистинско, учество на граѓанките и граѓаните во донесувањето на одлуките на локално, национално, но и глобално ниво. Живееме во глобален свет во кој секој може да се обиде и евентуално, ако наиде на солидарност од своите сограѓан(к)и, институции, групи, иницијативи, организации, можеби и бизнис заедници, може да учествува на некој начин во позитивно менување на нештата на глобално ниво, а не, неславно, како групата од Велес, која директно имаше удел во претседателските избори во Америка.

Кај институциите, од друга страна, колку и да се отворени и да имаат вистинска политичка волја, па дури и да носат конкретни мерки за да ги отворат владините и локални институции, постои опасност од бирократизирање на граѓанското општество“, истакна Дерала, додавајќи дека треба да работиме на потполно отворање на институциите.

„Финансиската поддршка нема да ја коментирам. Овде, на оваа конференција, се присутни луѓе, што директно  почувствуваа како изгледа брутално да се злоупотребува апаратусот на институциите, како што се Управа за јавни приходи, финансиска полиција, судови… и како се употребуваа за жесток притисок на секој поединец и на општеството во целина.

Исто така, мора да обезбедиме атмосфера за соработка, а за тоа се потребни институциите. Мораме да ги искористиме сите можности за кои слушнавме досега од претставникот на Владата меѓусебно, за да може некој што има добра идеја да се обрати кон бизнис секторот или Централниот регистар, на пример, и да се преточат во артикулирано барање до одредени институции и канализирање на потребата на сите заедници кои се во релација со одреден институција“, рече Дерала.

Во своето обраќање ја објасни должноста на владата да заштити, наместо да прогонува, и јавната одговорност на Владата, бизнис заедницата и граѓанското општество.

„Ние како граѓанки и граѓани имаме право да кажеме дека не сме задоволни и имаме право да не знаеме што не ни се допаѓа, а сепак да бидеме незадоволни и да бараме некоја промена. Тие што се поумни и што ги имаат алатките за управување со системот, имаат обврска тоа да го канализираат, да го артикулираат, да го разберат и да го спроведат. Тоа е нивна одговорност, која е и јавна. Јавната одговорност е  една од најважните на која се инсистира во Граѓанската повелба“, рече Дерала.

„ГРАЃАНСКА ПОВЕЛБА – Што има тука за мене?“ беше пилот проект преку кој ЦИВИЛ продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден иновативен начин. Ова вклучува истражување на можностите за воспоставување меѓусекторска соработка и партнерства за усвојување и доследно спроведување на Граѓанската повелба.

Проектот го поддржа Меѓународниот центар за граѓанско општество.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

 

 

Tags: Граѓанска повелбаконференцијаЏабир Дерала
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ