fbpx
  • Latest
Војо Маневски

Дремење

May 13, 2022
Ана Брнабиќ

Ана Брнабиќ: Подготвена сум да поднесам оставка, но Вучиќ засега одбива

June 4, 2023
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи (фото извор: МНР)

Северна Македонија од 1 јули го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

June 4, 2023
Протести во Полска

Најголем протест од падот на комунизмот во 1989 година: Половина милион Полјаци излегоа на улица

June 4, 2023

Уценувачите на Македонија во една реченица

June 4, 2023

(ВИДЕО) Вучиќ со речиси идентична изјава како и Милошевиќ пред да биде соборен од власт

June 4, 2023
Толпи студенти се пробиваат низ полицискиот кордон пред да се излеат на плоштадот Тијанмен во Пекинг на 4 јуни 1989 година. (Reuters)

Триесет и четири години од масовните протести на плоштадот Тијанмен во Пекинг

June 4, 2023
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дремење

May 13, 2022 12:05
in КОМЕНТАРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 10
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Одлуката на Вселенскиот патријарх за прифаќање на Македонската православна црква во семејството на православни цркви, се случи некако ненадејно за широката јавност. Два дена се обидуваме да ги дешифрираме речениците во одлуката на првиот меѓу еднаквите патријарси на православните помесни цркви. Да не влегувам во теолошкото ниту канонското значење на оваа одлука, но некако ми се залепи за сеќавањето делот во кој се вели дека „се тргнува шизмата врз црквата и верниците, кои сѐ досега живееле во раскол со православната  црковна заедница“.

Познавачите велат дека тоа е признавање на статусот на свештениците, архиереите, монасите и сите верници, кои досега ја вршеа и примаа божјата реч. Значи сега сме легално крстени, венчани и според црковните правила погребани. Сега сме во евхаристиско единство со сите други, кои немаа вакви проблеми со црквата во чии скутови го поминуваат или поминаа животот.

Е мој народе, како да си за другите во некаков сон или барем во попладневна дремка, па кога се разбудиш оп, во друг свет си. Бугарската политика упорно вели дека сме се разбудиле некаде пред Божиќ 1945 година и место благонадежни Бугари сме почнале да се изјаснуваме како Македонци или според нив сме биле Бугари, ама тогаш не турнале во некаков колективен сон и во него сме бладале дека сме некакви Македонци, а после половина век таков сон сме си придодале и антички карактеристики.

Не знам дали нечии живот е сон или сонувајќи го поминува, јас за себе тврдам дека никогаш не сум се чувствувал никако поинаку, туку како Македонец и православен верник на Македонската православна црква. Можеби и затоа што немало некој во семејството да ме разбуди од дремката за која сега ни тврдат дека била постојана состојба. Не знам за другите, ама јас имам големо семејство и изгледа сите во него спиеја или дремеа и никој не ме разбуди и со дрмање на рамењата ме врати во реалноста со зборовите: разбуди се Бугарине и шизматику!

Е во таа дремка се натпреварував со врсниците кој ќе биде учесник во велигденската литија и ќе носи некој од црковните рипиди и серафими, облечен во прикладна одежда возгордеан чекав свештеникот да ја отвори вратата на црквата и да влезам во неа пред да влезат моите врсници, кои не успеале да бидат дел од литијата. А зборувам за крајот на шеесеттите години и почетокот на седумдесеттите од минатиот век. Можеби и дремката ми била поради партискиот притисок на владејачките комунисти, ама изгледа користеле некои методи кои јас во својот детски сон не сум ги чувствувал.

За празникот Мала Богородица како што ние си го викаме, а сега вака без шизма мораме да го именуваме со неговото официјално име како Рождество на Пресвета Богородица, можам да пишувам долги приказни. Вечерта пред празникот црквата и двата нејзини двора се полнеа со народ, кој се обидуваше да влезе во наосот, но и да најде место за бдеење во нејзината припрата. Се сеќавам на безуспешните обиди со слалом да се помине низ припратата која беше полна со народ, кој седеше на домашни черги или плетени рогозини. Не сум сигурен дека тие луѓе знаеја дека се во шизма со другите православни верници. Тие едноставно постапуваа како што правеле нивните предци и во тоа веруваа. Верувањето е основа на секоја религија и затоа канонските правила не им се важни на оние што во основа на своето поведени ја имаат верата. Не сум сигурен дека орото што се виеше во таа празнична вечер во црковниот двор е пропишано со некаков канон, но со децении беше форма на покажување на способностите на играорците. Малку по фер беше од сегашните фејсбук офирања на талентите.

За должината на неделните литургии нема да пишувам, зошто во тоа време мислев дека траат до судниот ден. Се разбира причина беше што не се доручкуваше сѐ додека мојата баба не се вратеше од црква и прв залак не ни е нафората што таа ја донесуваше. Баба не дозволуваше да пропушти ништо од проповедта, па било таа да е напишана со црно или црвено мастило. За малиот разговор со свештеникот после литургијата никој не смееше да праша, зошто тоа беше задолжителен дел од нејзиниот црковен живот. Не сум ја прашал дали таа знеше дека не е во црковно единство со другите православни верници по светот, а и да ја прашав можев да добијам само некој одговор во стилот „синко не зборувај такви работи, не вела е тоа“.

Немам намера да ја оспорам величината на одлуката на Вселенската патријаршија, само сакав да си ги разрешам дилемите околу дремката во која се сомневаат дека сум го минал животот.

Сум дремел и затоа сум се прикажувал како Македонец, а сум бил нешто друго, сум си ги крстел децата, ама сум бил во дремка и не сум бил свесен дека тоа е под некаква шизма на црковни великодостојници од далечните епархии. Зошто не сум заспал не знам, ама изгледа дремката не била со силен интензитет.

И оп, сега се разбудив без шизма и со полнотија на мојот верски  живот. А ќе си продолжам да си живеам како и досега, сомневајќи се во цврстината на својата вера под искушенијата на овоземскиот живот.

Ме уверуваат дека едно попладне мојот дедо Алекса задремал и оп, место Бугарин станал Македонец, па сега не убедуваат дека всушност сме го продолжиле дремењето како негови потомци и не сме она што се чувствуваме, туку сме нешто друго што поради дремката не сме во состојба да го видиме. Не се разбудил дедо, туку паднал во дремка.

А зошто соседите и добронамерниците мислат дека сме во некаков сон или барем дремка? Изгледа дека навистина така изгледаме со наведнатите глави и постојаното незадоволство и неверување кон сѐ и сешто. Кој знае можеби сега кога клетвата е тргната ќе поминеме во некакво ново јаве, во кое ќе има место и за нашите сонови, но и не и за нашата дремка.

На многаја лета мој народе!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Share
germanEmb
hbs

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Uslovi
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • ES-PRESS-O
  • ЕДИТОРИЈАЛ
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
  • МАРКЕТИНГ