• Latest

Дрндаревска: Интернет просторот е преполн со говор на омраза, но немаме систем и пракса на казнување

March 28, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Дрндаревска: Интернет просторот е преполн со говор на омраза, но немаме систем и пракса на казнување

March 28, 2020 11:45
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалните мрежи и порталите изобилуваат со говор на омраза, но, државните институции не го гледаат и санкционираат, иако претставува кривично дело. Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, разговаравме со Драгана Дрндаревска од Коалицијата „Маргини“, за говорот и делата од омраза, постапувањето на институциите, за случаите кои веќе четири години немаат правна разрешница, но и какви се трендовите сега. 

„Постапките се водат неефикасно и ја губат смислата. Пресуди можат да се бараат и во граѓанските и кривичните судови.  Сепак, ни недостига судска пракса во однос на говорот на омраза. Она што го видовме како позитивен тренд изминатиот период беше во однос на Договорот од Преспа. Но, сепак видовме дека државата се обиде да го санкционира националистичкиот говор на омраза, она што одговара на моменталниот политички контекст. Додека од истиот говор на омраза кога страдаат најмаргинилизираните, тогаш како да се нема волја да се постапи“, вели Дрндаревска, сметајќи дека со ваквиот однос на државата, насилниците ќе продолжат да шират говор на омраза, а жртвите ќе бидат обесхрабрени да го пријавуваат.

Дрндаревска потсетува дека и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со законските измени кои беа направени, забранува говор на омраза и воведе парична казна за говор на омраза, но тој само ги третира традиционалните медиуми. Таа се осврнува на повеќе аспекти за кои смета дека треба да се регулираат во оваа сфера.

„Потребно е доуредување на законската рамка за говор на омраза, прашањето за проширување на административната регулација кон порталите треба повторно да се отвори и сериозно да се размисли за еден таков вид на регулација, бидејќи не е фер некој да биде комплетно нерегулиран и да не одговара во општеството за тоа што го пишува. А притоа да ги прави најголемите проблеми и раздори. Секако, мора да се зголеми политичката волја“, смета Дрндаревска.

Петар Клинчарски

камера и монтажа: Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ