• Latest

Другото лице на улицата – Статуафест

August 22, 2018

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Другото лице на улицата – Статуафест

August 22, 2018 16:03
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Статуафест или Другото лице на улицата е интернационален уличен уметнички фестивал кој што ќе се одржи на 14 и 15 септември, од 18 и 30 часот, па сè до полноќ. Ќе се одржи на улица Македонија, во Скопје, и овој фестивал го правиме со цел да го доближиме ваквиот вид на уметност до граѓаните на оваа земја, бидејќи кај нас е многу ретко застапена и сметам дека нашето здружение „Театроск“, коешто го организира овој фестивал, е можеби единственото здружение кое што се занимава со ваков вид на уметност овде кај нас“, вели Милена Цветановска од здружението „Театроск“. 

Фестивалот финансиски е поддржан од град Скопје, а спонзори на фестивалот се винарската визба „Тиквеш“, ресторанот Меана Б и ЦИВИЛ. Настанот е во организација на здружението на граѓани „Театроск“.

Милена вели дека целта на фестивалот е да се воспостави едно поинакво доживување во овој град, и дека овој фестивал се разликува од останатите фестивали по неговиот формат, односно по живите статуи. Оваа година покрај учесниците  на различни уметници од Шпанија, Украина, Бугарија, Србија, акцент ќе се даде и на артистите од Македонија кои се занимаваат со ваков вид на уметност кои произлегле од работилниците на „Театроск“, под ментроство на Војо Цветановски.

Здружението на граѓани „Театроск“ од Скопје за актот „Контрабас“, оваа година освои прво место од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи кој беше дел од музичкиот фестивал „Зигет“ во Будимпешта.

„Ние настапувавме 7 дена. Знаевме дека ќе гласа публиката, гласаа последните два дена од фестивалот и на последниот ден организаторката го соопшти името на „Театроск“ дека всушност „Контрабасот“ на „Театроск“ ја освоил првата награда од публиката. Искрено бевме во шок, и јас и Војо, и ни требаше ден или два за сето тоа да спласне и да ја прифатиме победата, и да ја донесеме овде во Скопје“ додава Милена.

За тоа како е да се биде уличен уметник во Македонија, Милена вели дека тоа значи една борба поради тоа што ваквиот вид на уметност тука сè уште не е добра пласирана, се развива од година во година и дека една од борбите на „Театрос“ е да им се покаже на граѓаните дека и ваквиот вид на уметност е прифатена насекаде надвор, и дека треба да се прифати и кај нас.

„Кога треба да направам паралела помеѓу уличниот уметник овде и во Европа можам да кажам дека во Европа е многу поголема конкуренцијата за разлика од овде, но исто така има поголеми можности за соработка и за презентации, но се надевам дека со тек на време дека кај нас сето тоа ќе се промени и дека конечно овој уметнички израз ќе си најде свое место и во земјава.

Ангела Петровска
камера и монтажа: Биљана Јордановска
фотографија: Маја Ивановска

 

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ