• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Дрво-декор опозиција

January 9, 2025

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дрво-декор опозиција

Секако не така малата пратеничка плата ќе си легне на први, кај некои и зголемена за патни трошоци, па дајте да го истераме мандатов мирно, без турбуленции, зошто може, скраја да е, и без него да останеме. Затоа ќути, трај, какви интерпелации, какви предвремени избори, не дај Боже.

January 9, 2025 15:01
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Дрво – именка, среден род. Значење на дрво: 1. Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки. 2 што се користи за огрев или како материјал за обработка.

Декор – именка, машки род. Значење на декор: 1. Тоа со што е украсена театарската сцена. 2. Тоа што служи, што се јавува како украс на едно место: слики, шари, предмети и сл.

Дрво-декор беше име на салон за мебел во центарот на Скопје, според кој на времето се ориентираа Скопјани за да ја одредат локацијата од каде тргнуваа автобуси за (најчесто) прекугранични патувања и екскурзии, оние вистинските, а не екскурзии со паметот.

Дрво декор во преносна смисла го користеа Скопјани ( некои кои паметат од поодамна, ја користат и денес) кога сакаа(т) да означат некого кого не го бива, и најчесто во друштвото служи како декор, безгласен и без иницијатива.

Вака поставена, кованицава денес асоцира на најголемата опозициска партија, која еве никако да се консолидира, да заземе цврст став, доктрина на дејствување, да преземе препознатливи акции (тука не спаѓаат јаловите и стерилни соопштенија искажани од партиската говорница) со кои и на дело ќе го покажат она што го повторуваа по изгубените избори, дека ја примиле пораката, и дека ќе се променат, кон подобро. Но, освен рокадите во врвот на раководните структури на партијата со старо/нови имиња, се чини дека „све је исто, само њега нема“.

Летаргијата и безидејноста која беше толку видлива пред изборите и помеѓу двата изборни круга, продолжува и денес. Оние малкумина кандидати од партиските изборни листи кои успеаја да седнат во пратеничките клупи, очигледно толку се самозадоволија со постигнатото, што ете, немаат некои посериозни примедби на работењето на новата владејачка гарнитура (чест на ретките исклучоци). Наместо остри критики, реплики, контрареплики и останатиот арсенал од пратеничкото делување, одбраа да бидат салонска опозиција комотно залегната во ложата на театарска сала како на концерт на камерна музика, додека на политичката сцена си врви водвиљот со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во главна улога, и ЗНАМ и ВЛЕН како статисти .

Секако не така малата пратеничка плата ќе си легне на први, кај некои и зголемена за патни трошоци, па дајте да го истераме мандатов мирно, без турбуленции, зошто може, скраја да е, и без него да останеме. Затоа ќути, трај, какви интерпелации, какви предвремени избори, не дај Боже.

Изгледа заради тоа „да не даде Господ“ е толкавото одење по цркви, палење свеќи и глумење верници пред камери. Од толку цркви, партиското раководство на опозициската СДСМ, претседателот, потпретседателката и други знајни и незнајни партиски функционери, мораа да се истопорат токму во Соборниот храм, со сé целата демохристијанска владејачка номенклатура на Божиќното посланиe. Пред камерите на МРТВ.

Фото: религија.мк

Па уште партиските ботови побрзаа да го овековечат настанот и поздравувањето на Филипче со Мицкоски да го прогласат како доблесна христијанска вредност, додека истото другите го коментираа како одење на бацирака кај премиерот.

Фото: религија.мк

Чуму? Дали повторно некој „експерт – аналитичар“ им подметнал „анализа“ или „истражување“ според кое, доколку се претставуваат како „Социјал Демо-христијански Сојуз“ ќе добијат некој глас повеќе? Во секуларна држава?

Очигледно, лекциите од изборниот пораз не се научени. А локалните избори се зад аголот.

Господ на помош, оти „Шарените“ одамна ги  потрошија!


Текстот е личен став на авторот
Tags: опозицијаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ