Претседателот Стево Пендаровски изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска во Бугарија.
-Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.
Тој очекува надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која, како што наведува, не се памти во нашата понова историја.
-Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, пишува Пендаровски.
Сочуство изразија и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, министерката за образование и наука, Мила Царовска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Пораки со сочуство упатија и министерот за правда Бојан Маричиќ, министрите за транспорт и врски и за економија, Благој Бочварски и Крешник Бектеши, лидерот на ДУИ, Али Ахмети како и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Предходно, изрази на сочуство упатија и Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кои во раните утрински часови заминаа во Софија.