поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
11 август, 2020
До сега сме виделе како функционира влада во која некои министри не го слушаат премиерот, туку лидерот на партијата.
Да се надеваме дека со изборот на премиер Албанец во Македонија, нема да гледаме така да се однесуваат и повеќето членови на Владата. Сличен пример, колку нѝ е познато, не постои во ниедна друга држава членка на НАТО или на ЕУ.
*
За да биде измамата успешна, ќе се сложат, не четири или една година, туку и еден месец Албанец да биде премиер, под услов тој да биде првиот месец. Може само да замислиме со колку истрели и од колку видови огнено оружје ќе се слави оваа победа, кога се знае дека, како и секогаш досега, никој не одговара, дури да има и ранети.