ДУИ денеска одржува митинг на Камени мост во Скопје, но без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, кои се задолжителни и за кои партиите ветија дека ќе ги почитуваат.
На фотографиите може да се забележи дека има повеќе од 50 граѓани, од кои повеќето се без заштитни маски и не ја одржуваат потребната дистанца, како препораки за заштита од вирусот.
Оваа година се одржуваат најспецифичните избори во земјава, имајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19 и мерките што учесниците, гласачите и изборната администрација треба да ги почитуваат за да си го заштитат здравјето.
Партиите најавуваа кампања согласно мерките, без големи собири и митинзи, со фокус на интернет презентација на програмите и преку електронските медиуми. Средби со граѓани треба да има на отворен простор со најмногу 50 лица, а во затворени простории со 30 лица и со почитување на дистанца и носење маски.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ