• Latest

ДУИ во потрага по премиер Албанец, предизборно

June 23, 2020

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ДУИ во потрага по премиер Албанец, предизборно

June 23, 2020 17:52
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе втора седмица откако ДУИ најави дека по претстојните предвремени парламентарни избори, закажан за 15 јули, ќе излезе со кандидат за премиер, Албанец. Од ДУИ ги повикаа сите албански партии да им се придружат во иницијативата, но, ниту една партија не одговори позитивно на повикот на ДУИ, со аргументации во контекст на предизборни манипулации, односно, дека ДУИ не се откажува од популистички идеи секогаш пред избори.

Откако не добија поддршка од партиите, од ДУИ, на прес конференција јавно им се обратија на академската заедница, невладините и интелектуалците за поддршка на, како што велат, каузата, преку взаемна дискусија.

Иронично, Талат Џафери (претседателот на сега веќе распуштеното Собрание), кој е носител на листата на ДУИ во петтата изборна единица, на шефот на кабинетот на ДУИ, Артан Груби му посочи дека тој не е меродавен да зборува за предлогот од ДУИ за прв премиер Албанец, бидејќи не е ниту на листа на кандидати за пратеници, веднаш откако Груби даваше изјави за предлогот на дебатна емисија на темава.

-Јас сум пратеник, којшто представува политички субјект и дел од албанскиот електорат, и имам полн легитимитет за иднината на тоа што следува во парламентарниот состав”, изјави Џафери.

Од експертската заедница не ја исклучуваат координираноста на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, односно веќе познатите предизборни манипулации што редовно ни ги приредуваа двете партии во изминатите изборни процеси.

Аналитичарот Роберт Несими, на дебатната емисија „Патот кон…“ изрази сомнеж  за координираност  на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ  во врска со предлогот за премиер Албанец.

“Не сакам да верувам, се надевам дека не е точно, но има можност да биде уште една координација со ВМРО, бидејќи двете партии правеле такви игри и порано и единствениот адут на ВМРО против СДСМ е национализмот. Дури, пред  два-три дена, на еден портал на ВМРО имаше една анализа во којашто се вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 57 пратеници, но им треба уште малку за да достигнат до 61 за да не можат да ги условуваат за премиерот Албанец. Речникот е ист со тој што се употребуваше во 2014 година”, изјави Несими.

Ниту политичкиот аналитичар, проф. Сашо Орданоски во колумната „Среќна нова 2008 -2016! Pse jo?“, не ја исклучува можноста за координацијата на ДУИ со ВМРО.

-И така во државава има повеќе луѓе кои не веруваат во постоењето на вирусот ковид-19, отолку оние кои се сомневаат во континуираната координација меѓу Ахмети и ВМРО. Ништо тука не е спорно, бидејќи нема поприродна коалиција од оваа и за овие избори: два стари партнери со долг стаж на партиска и персонална соработка, со перфектно разбирање на обостраните квази-националистички потреби и големите инвестирани (и реинвестирани) заеднички интереси.

Рака на срце, таа меѓупартиска соработка, по своите изборни шанси, не е за потценување. Многу пати претходно е извежбана и дава проверено добри резултати. Не е едноставно изборно да се порази – освен тоа да го направат самите гласачи, се разбира, на фер и демократски избори. За што се создадени многу околности.

Професорката Мирјана Најчевска реагираше на предлогот со истакнување на квалитетот пред етникумот и посочи:

„До сега, етницитетот е искористен единствено за тоа зад него да се скрие неквалитетот, незнаењето, неискуството, измамата! … Сѐ додека образованието не се мери според квалитетот туку според јазикот на кој се изведува, Македонија ќе паѓа на сите листи на едуцираност, писменост и образовна понуда. Јазикот, културата и традицијата се важни работи, и се дел од идентитетот на индивидуите и групите. Меѓутоа, нивната употреба во дефинирањето на политичката сцена во Македонија нема врска со нивната заштита, промоција или практикување“, вели Најчевска.

Како одговор на прашање од ЦИВИЛ Медиа за став по предлогот на ДУИ за прв премиер Албанец, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари изјави:

– Во принцип, со ниеден закон не било и не е забрането да се избере Албанец на која било државна позиција во Република Северна Македонија.

ДУИ шест пати ги доби парламентарните избори, и ниту еднаш не споменале за позиции за министер за финансии, министер за надворешни работи, министер за внатрешни работи, а не па за премиер! – вели Таравари.

Во принцип, ние (Алијансата за Албанците) сметаме дека една од овие три клучни позиции би требало да биде застапена од Албанец, но,тоа секако би требало да се направи со политички договор помеѓу тие што го сочинуваат мнозинството во влада. По 30 години многупартиски систем во Македонија, на денот за прв пат се избра Албанец  Претседател на Собранието, лидерот на ДУИ не беше присутен за гласање на истиот, и затоа, и сега сметаме дека нивниот предлог е предизборна демагогија и лага, како и многу други во изминатите 18 години, вели Таравари.

Активисти – младинци на иницијативите „Зошто да не” и „Верувам” пред неколку дена одржаа собири  пред седиштата на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со порака дека е дојдено време за Албанец премиер.

„Со години со политиката во Македонија владееше исклучиво двојката на македонските партии, што пред сè ни наштети нам, албанската младина на оваа земја. Денес сме тука, пред седиштето на двете македонски партии, кои реагираа толку остро и исклучувачки кон нашата легитимна и праведна амбиција, да кажеме дека дојде нашето време. На овие избори, ние, албанската младина, ќе одиме до крај за еднаквост и слобода, пат кој што го започнаа нашите родители и баби и дедовци пред три децении. Не сакаме да продолжиме да ги гледаме нашите пријатели и семејство како ја напуштаат земјата. Ние сакаме целосна еднаквост. Ова е наше време! Време е за албанскиот премиер! Време е да се исполни сонот и да се заврши патувањето!”, гласеше пораката на младите активисти од ДУИ кои ја промовираа идејата на ДУИ за прв премиер Албанец.

Минатата вечер, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, гостуваше во емисија на ТВ Клан во Албанија, во услови на пандемија од Ковид-19, за промовирање на партиска предизборна агенда.

Како што се чини, од ДУИ сепак немале конкретна личност којашто би ја кандидирале за премиер, па сега се во потрага низ различни канали. Идејата, секако дека не е за отфрлување, бидејќи под македонското небо навистина постојат способни, квалитетни личности, Албанци, коишто би можеле достоинствено да ја вршат должноста премиер на Влада. Кваката е што тие Албанци под никаков услов не би се согласиле да бидат предложени од партии, а поготово од ДУИ.

Д. Тахири

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ