„Тука гледам обвинители, адвокати. Дали има маж, кој може да излезе и да каже дека со закон може да се затварат предметите отворени од СЈО без разлика дали има докази. Слушам таков предлог да се затвораат предметите на СЈО? Според законот, сите предмети може да ги затвори или продолжи само Државниот Јавен обвинител. Тој ги склопува со другите докази, материјали и само тој одлучува на крај како ќе се постапи со отворен предмет“, изјави Виолета Дума, поранешна судијка, која беше разрешена како член на Државната изборна комисија поради бонусите и заврши како надворешен советник за правосудство во Владата, на јавната расправа за Законот за Јавно обвинителство.
А. З.