• Latest
Војо Маневски

Дупови и дупки

September 15, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дупови и дупки

September 15, 2021 23:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Заврши кандидирањето за новото водство на локалните самоуправи. Имаме кандидати за градоначалници за советници и сега преостанува само да гласаме. Утринските кафе муабети се околу личностите што се најдоа на листата за советници. Овој заслужува, овој е непознат, па каде го најдоа овој? Сѐ се тоа нормални коментари меѓу кафето и неговата придружба, во облик на домашна ракија или цигара што се мота од тутунот купен на кило.

Проблемот настанува кога на листата има некој неизбежен по роднокрајна, соседска или некоја друга основа. За него мораш да гласаш, а веднаш до него е некој за кој не би гласал ни после дооолго седење во омилената кафеана. Ама од судбината нема бегање и одлуката од судбинска важност мора да се донесе. Треба да се помират симпатијата и антипатијата, но не е лесно да си гласач и граѓанин. Можеби и тоа е причината за постотокот неважечки ливчиња на крајот, ама тоа никој не може да го докаже, а таму во тој сив регион на нејаснотии сме во врвот на светот.

Е сега, кога ги изоговарав моите сограѓани да се фатам со обврската што ја дадов. Во колумните до изборите ќе ги поставувам како тема, задачите кои ги чекаат идните советници. За време на мандатот на еден совет има неколку документи кои не се атратктивни за јавноста, но се од најголемо значење за неговата работа. Буџетот кој се донесува на крајот на годината, а се поправа во текот на истата и измените на генералниот и деталниот урбанистички план се токму тие. Овие два документа се директно поврзани, поради надоместокот за уредување на градежното земјиште, кои инвеститорите го уплатуваат во буџетот на локалната самоуправа. Тие средства се употребуваат за комуналните потреби на граѓаните и за реализација на годишните програми на јавните претпријатија.

Основата за развојот на локалната самоуправа, но за нејзиното функционирање како простор во кој се одвива животот на граѓаните е токму урбанистичкото планирање. Функционирањето на правната држава е директно поврзана со урбанистичките одлуки. Последиците се илјадници дивоградби и нефункционална животна средина и помали приходи во касата на локалната самоуправа. Како причина за големиот број дивоградби и урбанистичкиот хаос, што од тоа произлегува, не е само желбата на граѓаните да го избегнат плаќањето на комуналните давачки или да узурпираат нешто што не им припаѓа. Често тоа може да биде поради причина што граѓаните граделе без потребна документација, затоа што до градежно одобрение не можеле да дојдат во разумен рок. Ако од урбанистичкото одделение во некоја општина им одговарале на барањето дека прво треба да се промени ДУП, а таа промена може да трае со години, донесувале одлука да градат без да чекаат. Се разбира, изграденото е дивоградба. Двојна загуба настанува и објектите се без легален статус и општината е без приходи поради тоа. Кога се обидува државата со закони да ја регулира оваа област, настанува нерамноправност меѓу граѓаните по основ на давачките за комуналии за изградениот објект.

Колку подобро планирање, толку помалку импровизации е основа на секој организиран развој на заедницата. Затоа државата донесува просторен план, како резултат на визијата за развој и функционирање.

Просторниот план на нашата држава е донесен 2004 година и е на 175 страници со 25 картографски прикази и со многу објаснувања, параметри, правила и одредници за правење на генералните урбанистички планови. Кој сака може да го погледне и да даде суд за предвидената визија за нашата држава.

Од овој документ се изработува генералниот урбанистички план за секоја од локалните самоуправи. Она „генерален план“ некогаш асоцира на Министерството, но тој план се изработува на локално ниво, според параметри од просторниот план и постапки кои ги одредува Министерството за транспорт и врски. Сепак последното одобрување е од Министерството, но само ако не се почитуваат зададените параметри. Како документ, може да го изработат лиценцирани архитекти од јавното претпријатие, доколку постои, или на јавен повик да се јавуваат архитектонски бироа од Македонија или странство. Имаше примери од 2012 година кога словенечка архитектонска компанија, која користи државни фондови на Словенија, се јави да помогне со 60% донации и тоа за целиот Источно плански регион, но тоа пропадна, поради неуките градоначалници кои и немаа пари и немаа познавања од оваа област, па така таа шанса пропадна. Инаку изработка на генерален урбанистички план за општина како Штип изнесува помеѓу 300 и 400 илјади евра (Штип го споменувам поради искуството и податоците кои ги имам).

Во кампањата за развој на градот ќе се наслушаме на изрази како „имам визија за нашиот град“. Поточна визија ако е преточена во урбанистичките планови нема. И реализацијата на тие визии е со закон упатена на урбанистичките планови. Плановите ги донесува локалната самоуправа или поточно Советот на општината. Затоа и ја пишувам оваа колумна, како информација до моите сограѓани, за да имаат некаков ориентир за поставување на прашања на кандидатите за советници.

При изработката на овој документ мора да се има сообраќајна студија со која јасно ќе се посочат сообраќајните решенија на идните парцели со законски услови за брзината на протокот на сообраќајот, неговата безбедност и достапност за граѓаните во стамбените објекти. Кон овој услов потребно е да се изработи и студија за еколошка одржливост на планот, според еколошки параметри усвоени од просторниот план на државата. Визијата на градоначалникот, струката од архитектонската област овде доаѓа до израз. Не случајно со децении се споменуваат архитекти кои понудиле добри решенија за градовите во државата. Исто како и последиците од лошите решенија.

Навреме донесен и според добра визија изработен генерален урбанистички план е јасен патоказ за инвеститорите и за граѓаните. Тоа е и своевидна брана за градежниот хаос и мислењето на граѓаните дека во овој сектор владее урбаната мафија, која има големи профити од тоа. Сега состојбата е извртена и немањето на урбанистички планови доведува до спротивна постапка. Инвеститорите прво одбираат градежно земјиште, па бараат тоа да се вклопи во урбанистичкоит план. Локалната самоуправа има потреба од средства, кои се уплаќаат според комуналниот данок и последицата е лош сообраќај, недоволен капацитет на енергија, вода за пиење, канализација. Готови станбени објекти стојат непредадени поради разни приклучоци, а тоа ја одолжува и постапката за издавање на имотен лист за сопствениците и целиот спор не ретко завршува пред судовите. А сѐ тоа е поради непостоење на однапред познати правила, утврдени со урбанистичките планови или нивно непочитување.

Изработениот генерален урбанистички план, како предлог, се поднесува до Советот на усвојување и со мнозински број на гласови се усвојува. Според добрите искуства треба да важи 15 години, но поради причините од кои дел наведов, во Штип важечкиот ГУП како целина е од 1968 година. Има измени во него, според потребите на актуелната власт во општината, но како сеопфатен документ е стар повеќе од половина век. Тоа значи дека сите локални власти во независна Македонија следат туѓи визии за развој на градот.

Според хиерархијата на урбанистичките планови следен план е деталниот урбанистички план, кој има три дела и тоа текстуален, графички и пресметковен со потребните податоци изразени во бројки. Според овој план се одредуваат градежните парцели, големината и висината на објектот и другите параметри одредени со закон за градба. И овој документ го донесува Советот на локалната самоуправа и е многу важен за квалитетот на животот на граѓаните. Овде со закон е ставен услов, при планирањето да се води сметка за квалитетот на животот на граѓаните и непречено владеење на нивните станбени објекти. Што значи, директно влијае на правната сигурност на граѓаните. Она што е пропишано со закон како нивно право, како сопственици и граѓани на една локална самоуправа, при донесувањето на деталниот урбанистички план мора да се вгради како законски услов.

Да не биде долго моево објаснување кон граѓаните, кои треба да ги изгласаат идните советници во локалната самоуправа, овде ќе застанам со анализата. Не мора тие да го знаат сето ова, но мора да бидат заинтересирани да го научат за да ви ги преставуваат своите визии за градот. Инаку ќе биде – мој проект е ова, моја визија е она, а по четири години ниту трага ни од визијата, ни од проектите.

Се сеќавате почитувани читатели на приказната за овчарот, кој сакал да биде мајстор за куќи. Мерел, сечел и на крај нацртал волк на дрвото. Тоа најдобро си го знае, а тоа и не е грев. Само што требало да нацрта два волка, едниот да го голтне него, а другиот газдата што му дал да му гради куќа, без да види дали е мајстор или овчар.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ