• Latest

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

October 17, 2020

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

October 17, 2020 10:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и еден печатен медиум.

Во услови на тешката ковид криза и огромните задолжувања кон странство што ги прави земјава за да се обезбедат средства за државниот буџет, и за претстојните општински избори политичките партии своите кандидати ќе ги рекламираат со државни пари. ДИК донел само едно решение за одбивање на регистрација на интернет портал во Регистарот, но само поради тоа што медиумот не го доставил барањето за упис во пропишаниот рок до 24:00 часот на 5 октомври.

Како и досега, ДИК со одлука утврди дека сумата што може да му се исплати на еден интернет портал од еден учесник во изборниот процес за претстојните избори за градоначалник не може да биде поголема од 15.000 евра, без вклучен ДДВ. ДИК ги утврди и цените за рекламирање во печатените медиуми, на радио и телевизиските станици за предизборната кампања за избор на градоначалници во Штип и Пласница.

Но, како и за предвремените парламентарни избори, и сега во Регистарот на ДИК можат да се пронајдат англиски и албански верзии на еден ист медиум којшто се пријавиле одделно за емитување партиски реклами, како и идентичен медиум којшто поднел две различни веб адреси до ДИК за внесување во Регистарот. Како и претходно, во Регистарот можат да се најдат поединечни интернет портали, кои се тотални анонимуси во актуелниот спектар на медиуми во земјава.

И додека на дел од овие медиуми им се слатки државните пари и во тешките времиња на корона кризата, Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава има забелешка за политичкото рекламирање финансирано со државни средства, кое би можело да влијае врз уредувачката политика на медиумите.

„Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели во Извештајот на ЕК.

Инаку, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) веќе побараа да се ревидира Изборниот законик, со кои ќе се спречи политичкото рекламирање во медиумите да се плаќа со пари од граѓаните, а ваквите медиуми да служат за ширење на негативна кампања кон политичките опоненти.

Основното јавно обвинителство пред еден месец започна истрага, при што во координација со МВР беше одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период пред парламентарните избори наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, а потоа политички партии на овие портали со мала посетеност им исплаќале пари за емитуваното предизборно рекламирање./ МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ