• Latest
Фото: Министерство за економија и труд

Дурмиши: Во Министерството се прават политиките и законите, а одговорноста е кај тие институции кои треба да бидат на терен и да вршат контрола

March 25, 2025
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дурмиши: Во Министерството се прават политиките и законите, а одговорноста е кај тие институции кои треба да бидат на терен и да вршат контрола

Проверката на минималните технички услови за работа ќе се врши пред издавање на лиценцата за работа, вели Дурмиши.

March 25, 2025 13:00
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за економија и труд

Фото: Министерство за економија и труд

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши. Министерството, како што рече на прес-конференција во Владата, било задолжено да започне со подготовка на измени на Законот на владината седница одржана на 18 март.

-Овие измени ќе овозможат проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа. Со тоа пријавата за исполнување на минималните технички услови за вршење угостителска дејност пред да биде доставена како пропратен документ во барањето за лиценцата ќе треба да има потврда за нејзината веродостојност од Државниот пазарен инспекторат, рече Дурмиши.

Порача дека Министерството за економија и труд е посветено на гарантирање дека законот ќе се почитува и додаде дека секој кој се огрешил пред законот треба да одговара.

-Граѓаните имаат право да бидат информирани на вистински начин и да побараат отчетност. Правдата што ја бараат мора да биде воспоставена, рече Дурмиши.

Прашан колку лиценци за кабаре се издадени за време на неговиот мандат, Дурмиши рече дека не го знае точниот број и додаде дека во архивата на Министерството има вкупно 24 активни издадени лиценци од кои 18 се за кабаре, а другите се за клубови.  За тие кои немаат лиценци и работат посочи дека има други надлежни органи кои треба да направат инспекција и соодветно да ги казнат.

На прашањето дали смета дека е виновен неговиот претходник, рече дека не е надлежен за давање на какво било мислење за тоа да зборува.

Истакна дека во новото законско решение вредноста на казните ќе се покачи за да се спречат немили настани како во клубот „Пулс“ во Кочани и додаде дека работна група веќе работи на тоа.

-Не знам колкави ќе бидат казните, но очигледно ќе бидат многу повисоки за да се спречи да ни се случуваат немили настани, потенцира Дурмиши.

Нагласи дека сите институции кои се надлежни да вршат контрола доколку се утврди дека не се почитуваат одредбите од странката за издавање на лиценца го известуваат Министерството кое веднаш им ја одзема лиценцата.

-Извршени се 116 вонредни надзор врз основа на Законот за угостителска дејност при што решение за привремен забрана добиле 10 правни субјекти, а утврдено е дека 15 правни субјекти од 23 кои имаат активна лиценца не ги исполнуваат минималните технички услови. Кај шест правни субјекти кои немаат лиценца или им е истечена, а е утврдено дека функционирале во изминатиот период, издадени се решение за забрана за вршење на дејност. При тоа се издадени околу 60 прекршочни платни налози, потенцира Дурмиши.

На сите кои не го почитуваат законот, како што рече, ќе им се забрани дејноста.

Прашан дали смета дека има одговорност за случајот „Пулс“, рече дека нема некој во земјава кој во овие моменти не чувствува морална одговорност.

-Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија во едно место, туку е алармантен симптом на распаднат систем длабоко вкоренет во долгогодишна корупција кој го наследивме. За лажната лиценца на „Пулс“ органите на прогон веќе постапуваат. Ние како Министерство за економија и труд не сме надлежни и немаме механизам за проверка дали некоја компанија или фирма има лиценца или не, дали работи со документ или не. Едноставно немаме механизам за тоа да го контролираме. Во Министерството се прават политиките и законите, а одговорноста е кај тие институции кои треба да бидат на терен и да вршат контрола, истакна Дурмиши.

Во делот на издавање на лиценци, како што појасни, согласно Законот за угостителска дејност за да работи ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор мора да има за тоа валидна лиценца. Таа лиценца ја издава Министерството за економија и труд со поднесување на барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок за давање услуги.  Кон барањето се доставува Решение за упис во трговскиот регистар издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија во оригинал не постар од 6 месеци; Одлука за определување на висната на надоместокот за кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, донесена од советот на општината; Пријава за исполнување минималните технички услови за вршење угостителска дејност во копија; Согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност на сообраќајот во оригинал.

-Во 2008 година за да се подобри бизнис климата добронамерно е сменат законот и странката со морална и кривична одговорност ги доставува документите. Пред 2008 година требаше да аплицира до ДПИ па тие да проверат дали се исполнети условите, рече Дурмиши.

Додаде дека Министерство за економија и труд постапувајќи по поднесеното барање ја разгледува документацијата која содржи акти и документи издадени од други институции и врз основа на истата, доколку се исполнети условите задолжително ја издава Лиценцата за вршење угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор со период на важност од една година.

-Министерство за економија и труд не е надлежно ниту има механизам за вршење увид, надзор или контрола во објектот во кој ќе се врши дејноста. Во однос на висината на надоместокот кој треба да го плати вршителот на дејноста истата ја определува советот на општината. Од надоместокот 50 проценти се уплатува на сметка на општината, а 50 проценти се уплатува во Буџетот на Република Северна Македонија, појасни Дурмиши.

Во прилог на барањето наведениот образец „Пријава за исполнување минимално-технички услови за вршење угостителска дејност“, истакна, е формулар кој правниот субјект го пополнува со бараните основни податоци за субјектот, дејноста, просторија за лична хигиена на гостите, посебни одредби за вработените, капацитет за простор за послужување, вентилација, број на  излези за итни ситуации и многу други критериуми, при што истиот изјавува дека дадените податоци во пријавата се вистинити и притоа образецот го доставува во подрачно одделение на Државниот пазарен инспекторат.

-Во однос на Согласноста од органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност на сообраќајот барателот може за истиот да поднесе барање до Министерство за внатрешни работи, а доколку не поднесе, по службена должност Министерството за економија и труд ќе се обрати со барање мислење до МВР. По добивање на мислењето од МВР, Министерството за економија и труд ја изготвува соодветната лиценца за која е поднесено барањето. Доколку се добие негативно мислење во однос на исполнетоста на условите наведени погоре Министерството за економија и труд ќе донесе решение за одбивање на барањето и не се издава бараната лиценца. Доколку во периодот на важноста на лиценцата (1 година) МВР констатира дека кај одреден субјект се изменети односно не ги исполнува условите за кои е надлежен да врши контрола и надзор, ќе го извести Министерството за економија и труд по што министерството ќе донесе решение за одземање на веќе издадена лиценца, истакна Дурмиши.

Нагласи дека секој правен субјект без разлика на дејноста за која е регистриран вклучувајќи ги и сите угостителски објекти пред започнување со работа задолжително поднесува пријава или известување за започнување со работа до градоначалникот на општината, Инспекторат за труд, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за храна и ветеринарство (доколку подготвува и послужува храна), УЈП и други надлежни институции кои се предвидени согласно позитивните законски прописи за која документација се подразбира дека задолжително ја има поднесено, по што може да поднесе барање за издавање на лиценца за вршење угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор.

Фото: Министерство за економија и труд

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ