• Latest

Дувњак: Наместо за слободата можеме да зборуваме за професионалноста во медиумите

January 15, 2018
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дувњак: Наместо за слободата можеме да зборуваме за професионалноста во медиумите

January 15, 2018 14:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Гордана Дувњак, новинарка, за слободата во медиумите, предизвиците и што се е потребно за професионални медиуми во Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате под слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Дувњак: Слободата на изразување е нешто што го носиме во себе и не случајно е една од најголемите придобивки на човекот. Таа придонесува така што во она што го работите го дава најголемиот придонес. Меѓутоа подразбира и слобода на размислување. Двете одат една со друга, затоа што само слободен и необременет ум може да биде критички настроен и може да придонесе да се менуваат работите. Во спротивно се влегува во една зона на конформизам  која што е непродуктивна.

ЦИВИЛ Медиа: Дали во Македонија можеме да зборуваме за слободни медиуми или пред нас стои долг пат, пред да можеме да кажеме дека нашите медиуми се ослободени од притисок?

Дувњак: За жал, тоа личи повеќе како флускула, слободата на изразување и независни медиуми. Не можеме да зборуваме за независни медиуми во вистинска смисла на зборот. Ако сте независни од власта, зависни сте од огласувачи, од публиката… Повеќе ми се допаѓа изразот колку сме професионални. Доколку најпрвин не се водите по некои свои, лични, етички принципи, не можете да барате од другите да се однесуваат морално и етички.

ЦИВИЛ Медиа: Колку професионалното новинарство е на удар на притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како може да се справи со нив?

Дувњак: За жал, по дваесет и шест години независност ние се доведовме во ситуација сѐ уште да зборуваме за слободно и независно новинарство. На прв поглед, излегува многу нелогично, меѓутоа како да копнееме да зборуваме и за подемократски процеси на почетокот на деведесеттите, отколку сега. Имаме во денешно време експанзија во најразлични медиуми, меѓутоа и голем не професионализам, говор на омраза, една поделеност и тоа покажува дека новинарите и медиумите функционираат како некаков изолиран свет на она што го доживуваме како промени во општеството.

Големата поделеност и политизација се одразува и на новинарството. Новинарството не е изолиран остров. Новинарството не може да се пофали дека е поразлично од сето она останато што се случува во државата. Треба за почеток, да се вратиме на нашите прапочетоци и да тргнеме од некои работи што значат поголема солидарност и професионалност, во медиумите. Тоа не се постигнува со регулација, туку со едно чувство за сопствениот придонес за тоа што го работите. Да бидеме прво чесни кон себе и кон она што го работиме, а потоа да го бараме тоа и во другите сфери. Нема друг модел. Сѐ што мислиме дека може да се постигне со принуда и со регулација е бесполезно.

За жал нивото на политичка култура во Македонија е многу загрижувачки и многу ниско. Мене ми е многу тешко ова што го кажувам, но треба да се учиме на нешто што сме мислеле дека е освоено и го имаме.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Фотографија: Вулнет Махмути


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Гордана Дувњакслобода на изразувањеслобода на медиуми
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ