• Latest

Два збора за предлогот на Владата за подмирување на долговите на општините

October 31, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Два збора за предлогот на Владата за подмирување на долговите на општините

October 31, 2018 14:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Што е погрешно во предлогот на Владата за издвојување средства со кои ќе се подмират долговите на општините?

Мирјана Најчевска

Прво, не се базира на анализа на генералната состојба на локалната самоуправа (потребата од постоење на над 80 општини, големата разлика во големината, структурата и капацитетите на општините, развојните перспективи на општините, соодветноста на територијалната поделба, …)

Второ, не ги зема предвид заклучоците и препораките на поголем број истражувања на фискалната децентрализација во кои се потенцира потребата од намалување на зависноста на општините од централната власт и зголемување на самостојните приходи на општините со кои ќе можат да располагаат и да ги остваруваат надлежностите предвидени во Законот за локална самоуправа.

Трето, не се видливи критериумите врз основа на кои е определена конкретната сума и врз основа на кои ќе се врши распределба на средствата на одделни општини. Тоа што е блокирана сметката на некоја општина воопшто не значи дека по автоматизам баш таа општина треба да добие помош од централната власт. Пред да бидат доделени средства на конкретна општина потребно е да се утврди:

  • Колкави се приходите на таа општина и дали тие приходи со нормално трошење се доволни за задоволување на конкретните потреби?
  • Како се трошеле парите во изминатиот период (дали имало одлевање на пари за прослави, трошоци на администрацијата, непокриени трошоци, непотребни договори на дело и сл.)?
  • Дали има непотрошени пари кои се префрлаат од една во друга година?
  • Дали се направени погрешни проекции на прибирањето и трошењето на парите?
  • Дали има слабости во собирањето на даноците за кои е надлежна општината?
  • Дали има контрола над трошењето на парите?
  • Дали се правени ad hock пренамени на средства?

Откако ќе се испита сето ова, ќе се утврди дали соодветниот градоначалник треба да биде казнет или пак треба да му се даде помош која му е потребна.

Во спротивно, и понатаму ќе се таложат проблемите кои произлегуваат од несоодветната територијална поделба, општините ќе имаат надлежности кои не соодветствуваат на приходите кои можат да ги остварат и ќе бидат наградувани оние кои крадат и лажат, односно ќе бидат затскривани нивните грешки, незнаење и пропусти. Или, поинаку кажано: АМНЕСТИЈА (не помирување) и не само на финансиски план, туку многу, многу веројатно и на кривичен план!

Доброто управување со општината е она што се очекува од градоначалникот и локалната власт.  Програмите и ветувањата на градоначалниците и претставниците на локалната власт мора да се базираат на објективните ситуации во општината и да го имаат предвид реалното, а не замисленото. Кога се пишуваат програмите и кога се даваат ветувањата се посочуваат токму проблемите со кои се соочува општината, се идентификуваат слабостите и се тврди дека тој кој што го бара гласот на граѓаните знае и може подобро.

Тоа значи и дека секое оправдување дека актуелните проблеми се резултат на претходната власт и нејзиното недомаќинско работење, претставува само потврда дека актуелната власт лажела кога ја барала довербата на граѓаните. Лажела дека знае како да ги реши проблемите, лажела дека има капацитети да се справи со проблемите и лажела дека може да испорача подобри решенија.

Секоја помош која доаѓа од страна на централната власт со која не се земаат предвид сите аспекти на остварувањето на власта на локално ниво, претставува поддршка на лажењето и крадењето и манипулацијата на граѓаните.

Кој лаже тој…

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share156TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ