Две лица се приведени под сомнение за помагање во врска со инцидентот кој се случи во Арачиново во кој настрадаа две лица.
Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој со автоматска пушка отвори оган врз градоначалникот Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ.
Ибраими помина без повреди, но со огнострелни рани завршија негови соработници. Од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ велат дека пациентот што кај нив е згрижен, се опоравува и наскоро ќе си оди дома.
Се проверуваат безбедносните камери, но и нерасчистените релации коишто ги имал градоначалникот од порано со лица коишто му се заканувале.
Двајца повредени во вооружена престрелка во Арачиново, мета бил градоначалникот
Српските медиуми со непотврдени информации сугерираа хаос, опсадна состојба и мртви во Арачиново