• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Српските медиуми со непотврдени информации сугерираа хаос, опсадна состојба и мртви во Арачиново

April 2, 2024
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Српските медиуми со непотврдени информации сугерираа хаос, опсадна состојба и мртви во Арачиново

April 2, 2024 13:33
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

Над 30 српски портали вчера на сензационалистички начин, со полувистините информации ја пренесоа веста за пукањето врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими. Според начинот на кој ја презентираа веста, може да се заклучи дека имаа за цел да предизвикаат паника и хистерија, небаре во Македонија избувнала војна, забележува Мониторинг тимот на Цивил.

БЛОКИРАНИ ПАТИШТАТА, ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ВО ВОЗДУХ Опсадната состојба во Скопје по ранувањето на градоначалникот, ИМА ЖРТВИ, … (АЛО)

Македонската Коха наведува дека има и жртви, поточно едно лице е починато. Жителите на ова место за македонска Коха изјавија дека истрелите најверојатно дошле од истите лица кои лани влегле во кабинетот на градоначалникот Ридван Ибрахими и го нападнале.

ХАОС ПОРАДИ АТЕНТАТОТ ВО МАКЕДОНИЈА! Сите патишта се блокирани, постои сомневање дека е загинато едно лице… (Мондо)

Македонска Коха наведува дека едно лице е убиено во обид за атентат врз градоначалникот во Македонија. Македонската Коха наведува дека има и жртви, поточно едно лице е починато. Жителите на ова место за македонски Коха изјавија дека мислат дека се истите луѓе кои некогаш…

ХАОС ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Блокирани патишта, разлетани хеликоптери! Детали за ранувањето на градоначалникот (ВИДЕО)… (Курир)

Во Арачиново, во Северна Македонија, денеска имало пукање од автоматско оружје, а според првите информации цел бил градоначалникот на оваа општина Ридван Ибрахими. Македонска Коха наведува дека се сомнева дека има и жртви, поточно едно лице е починато.

Ова е дел од нивните ударни вести, во кои сугерираат, со голема увереност, дека во пукањето имало мртви, повреден бил градоначалникот, а во Скопје владеел хаос, биле блокирани улици, а хелокоптерите летале во воздухот над главите на скопјани, парајќи им ги ушите со високите децибели од звуците на роторот.

Епилогот на настанот не го потврди српското сценарио: Мртви нема, не е повреден градоначалникот, туку неговото обезбедување, а жителите на Скопје не забележаа некакво поактивно учество на „силни полициски сили“, а не ги видоа ниту пријавените прелети на хелихоптерите…

Дел од српските медиуми вчера како да се понадеваа дека веќе известуваат за започната војна (или според ним омилената: специјална операција) во Македонија. Ако се има предвид дека токму преку српските медиуми се пласира најголемиот дел од руската малигна пропаганда во македонските медиуми, расте сомнежот во целта на ваквото известување, особено сега во предизборието, кога во Северна Македонија се води изборна битка помеѓу проевропските и проруските опции за иднината на државата.

Tags: дезинформациипукање во Арачиновосрпски медиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ