• Latest

Дванаeсетта средба на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

February 25, 2021
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Дванаeсетта средба на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

February 25, 2021 10:11
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Записникот од десеттата средба, учебниците за седмо одделение кај нас, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат теми на дискусија денеска и утре на 12. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Состанокот ќе се одржи онлајн поради состојбата со Ковид-19, а формално домаќин на оваа 12. средба на членовите на Комисијата е Северна Македонија.

Комисијата се состана на 22 јануари, но само заради усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба.

– Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот, посочија тогаш од Комисијата за МИА.

Претходниот, 11-ти состанок на Заедничката комисија се одржа на 3 и 4 декември минатата година, а теми на разговор беа содржините во македонските учебници по историја за средновековниот период и рано османлискиот периоди и образовни прашања. Како што информираа копретседателите по завршувањето на тој состанок, Драги Ѓорѓиев од македонска страна и Ангел Димитров од бугарска, на 11. состанок многу малку било разговарано за Гоце Делчев и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.

По состанокот на заедничката прес-конференција, Димитров истакна во однос на придавката македонски, воопшто не станува збор за бугарско гледање на Преспанскиот договор, туку, дека се работи на замена на теза, односно се инсистира дека во работата на Комисијата некој го става под сомнеж идентитетот и јазикот на граѓаните на Република Северна Македонија.

-Тоа не е вистина. Ако има некои забелешки тие се поврзани со патот кон формирањето на нацијата и идентитетот и таа историја што ја има еден современ јазик тоа се два квалитета на различни работи и не треба шпекулации со емоции на луѓето, рече тогаш бугарскиот копретседател на Комисијата.

-Проблемот со придавката  македонски  е во тоа што со колегите од Република Бугарија не се согласуваме во однос на тоа во кој контекст тие може да се употребуваат, а  во кој контекст не треба да се употребуваат согласно Преспанскиот договор. Значи, ние не спориме за тоа дека сето она што е поврзано со државноста и произлегува од  самата држава како комисија на РСМ, Влада на РСМ не може  во записниците да влезат како македонска влада,  тука ние немаме проблем. Меѓутоа, кога станува збор  на пример за македонска културна традиција, македонска историја, македонски јазик, македонски народ, тука имаме некое недоразбирање и јас сега да кажам дека денес бевме конструктивни двете страни во текот на следните денови ќе се состанеме повторно во помал состав за да го разгледаме  уште еднаш и да  утврдиме точно  каде е проблемот, посочи тогаш македонскиот копретседателот Ѓоргиев.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век, како и за Цар Самоил.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ